До петок сонце, а од сабота ново изненадување – еве што ќе се случува со времето

До петок сонце, а од сабота ново изненадување – еве што ќе се случува со времето!

Од вторник до петок времето ќе биде претежно сончево. Во четврток утринската температура на повеќе места ќе се спушти околу нула.

Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој во сабота ќе биде од јужен, а во недела од западен правец.

Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.