До сабота сончево и топло, а од недела ново изненадување со времето

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Во западните делови, попладне е можен краткотраен локален дожд. Дневната температура ќе се движи од 20 до 28 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови.

Од недела ќе им поголемо наоблачување со услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава.