До среда стабилно и суво, а еве што ќе се случува со времето потоа

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер.

Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините.

По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска.

Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.