До среда уживајте во убавото време, а еве што ќе се случува со времето од четврток

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло за овој дел од годината.

Во вторник и во среда наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе има мала ниска облачност.

Од четврток ќе има зголемена облачност, а од запад ќе започнат врнежи од дожд, на високите планини од снег.

Во петок врнежите ќе се помали но ќе е постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на западот.