Доаѓа нов студен бран во Македонија – температури во минус и снег, еве од кога
Доаѓа нов студен бран во Македонија – температури во минус и снег, еве од кога!
Ако мислевте дека со зимата е готово – сте се излажале. Се уште не ја пакувајте зимската гардероба, повторно ни доаѓа студено време и снег!
По топлите денови до крајот на неделава, следи значително намалување на температурите и нов студен бран.
Според прогнозите, температури околу нулата се очекуваат од наредниот вторник, а веќе во среда можно е да се создадат услови за снег.
Сепак студеното време ќе се задржи само идната недела. Потоа следи повторно зголемување на температурите.