Доаѓа снег каков што долго не е виден на овие краишта

Сè оди по сценариото од кое се стравува – доаѓа снег каков што долго не е виден на овие краишта

Професорот Зоран Задро од популарната метео страница „Vremenska prognoza za HR i BIH svakodnevna“ ги анализирал најновите податоци кои укажуваат каква би можела да биде зимата пред нас.

И додека снегот веќе ги забели планините на Балканот, се чини дека во наредните месеци би може да паднат рекордни количини снег.

Приказот на дијаграмот укажува дека оваа година би можела да биде рекордна по количината на снежна површина во Евроазија изминатите седум години, пишува професорот Задро.

– Очекувам до почетокот на декември енормна површина прекриена со снег и мраз на гореспоменатото подрачје, пишува Задро.

Според неговите прогнози, постојат три опции за тоа каква зима може да му се случи на Балканот:

– Првата е периодот од декември и јануари да биде потопол

– Втората опција е од средината на декември до средината на февруари да биде потопло

– Третата опција е зимата во вистинска смисла да пристигне во јануари и да трае до март