Доаѓа сонце и температури до 37 степени

До сабота во попладнедневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови. Температурите ќе бидат во позначнителен пораст.

Прогноза за 27.06.2020
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 27°С до 34°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 28.06.2020
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 29.06.2020
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. УВ=9