Доаѓа вистинска пролет во Македонија: Температури над 20 степени – еве од кога

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди.

Утре попладне и ноќта кон недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува повремено и засилен западен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава.

Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка.

Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во недела преку денот ќе биде променливо облачно и ретивно топло со слаб до умерен северозападен ветер. Во утринските часови во западните и крајните источни делови со повремен локален дожд. Дневната температура ќе се движи од 8 до 17 степени.

Понеделник не очекува облачно време со врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 6 до 11 степени.

Во вторник ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб југозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 7 до 15 степени.

Потоа не очекува вистинска пролет, со максимални температури во некои делови од Македонија од 20 степени.