Доаѓа вистинска зима: Студен бран и снег во Македонија

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Денес ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови во западните делови со слаб локален дожд, на повисоките планини со повремен снег.

По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, само во Полошката котлина во поголем дел од денот ќе се задржи магливо. Ќе дува слаб, а попладне на места умерен ветер од северен правец. Дневнта температура ќе се движи од 4 до 12 степени.

Утре ќе биде претежно облачно, во западните и јужните делови со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од источен правец. Дневнта температура ќе се движи од 3 до 10 степени.

Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.