Доаѓа вистинска зима: Температурите низ Македонија во двоцифрен минус

Доаѓа вистинска зима: Температурите низ Македонија во двоцифрен минус

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер.

Утре ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од -6 до 5 степени.

Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок.

За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.