Договорот за Фронтекс потпишан на македонски јазик и поддршката за справување со енергетската криза е доказ за силното партнерство на Северна Македонија и Европската Унија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со владина делегација денеска ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката Фон дер Лајен на платото пред Владата, од каде се упатија на тет а тет и билатерална средба на двете делегации. Веднаш после средбите, делегациите се упатија кон Европска куќа, каде амбасадорот Гир презентираше изложба и кусо видео на која беа прикажани досегашните проекти кои Европската Унија ги има инвестирано во Северна Македонија во областа на енергетиката. После презентацијата тие се упатија кон салата за заедничка прес-конференција. Ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„Драго ми е што денеска сум со претседателката Фон дер Лајен и што можеме да разговараме за иднината и за можностите кои што се пред нас.

Денес е голем ден за Северна Македонија и за македонскиот народ.

Денес, го потпишавме договорот ФРОНТЕКС, на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и без додавки. Без нејасни формулации. Чист македонски јазик.

Европската Унија и во јули, но и изминатиов период, а и денес ни докажува дека е веродостоен партнер преку испорачување на ветеното. Пред самото започнување на првата меѓувладина конференција на 19 јули оваа година, претседателката Фон Дер Лајен на прес-конференцијата кажа, драг Димитар ти ветувам дека договорот ФРОНТЕКС ќе биде потпишан со Северна Македонија на чист македонски јазик. Јас пред таа прес-конференција тоа го ветив на македонските граѓани, таа го исполни своето ветување, јас го исполнив моето ветување. Денешното потпишување на договорот ФРОНТЕКС кој е првиот официјален Договор потпишан помеѓу Северна Македонија и Европската Унија после започнувањето на преговорите е правиот и првиот пример за тоа.

Овој договор, го потпишавме на македонски јазик, нема какви било додавки, нема никакви ѕвездички. Тоа е првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија на кој стои чист македонски јазик заедно со сите други јазици во ЕУ. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив.

Со овој Договор ќе можеме заеднички да се справуваме со нелегалната миграција и заеднички да одговориме на предизвиците, но овој пат тоа ќе го правиме од нашата територија заедно со силите на Фронтекс.

Со денешниот чин, на дело се покажа и деструктивноста на сите кои со мегафони пред оваа зграда бескрупулозно лажеа дека ова никогаш нема да се случи, и дека македонскиот јазик секогаш ќе биде со некаква фуснота или додавка. Пропаднаа лагите, а граѓаните денеска по не знам кој пат увидоа кој е веродостоен партнер кој ќе ги изнесе на европски пат, а кој се користи со лаги и манипулации за да всее страв и несигурност, да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа.

Денес јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери, на претставници на меѓународната заедница, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“. Тоа го потврди и претседателката Фон Дер Лајен. Целото законодавство се преведува на македонски јазик. Македонскиот јазик е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици, во Европската Унија.

Со потпишувањето на овој документ се издигнува на врвно рамниште статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик. Овој чин нѐ прави горди сите нас, граѓаните на Република Северна Македонија, а особено нас македонците, бидејќи на овој начин ја заокружуваме акцијата на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик и македонската култура на европско рамниште.

Ако „јазикот е нашата татковина“, а македонскиот јазик е признаен на рамноправна основа меѓу европските јазици, за што прв доказ е договорот ФРОНТЕКС, а и целокупното европско законодавство како што кажав, се подготвува да се преведе и на македонски јазик – тогаш по членството во НАТО, со што ги осигуравме територијалните граници на нашата татковина, ова е конкретното признание на македонскот јазик што го очекувавме – и осигуравме, со почетокот на преговорите со ЕУ.

Со државничките одлуки што ги носевме и што ги носиме веќе пета година по ред, и еве и денес, потврдивме и осигуравме и европско и светско признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет! И јас сум убеден дека Конески денес би се чувствувал подеднакво горд во постигнувањето на заштитата на нашата јазична средина – на нашата татковина, како што тој би рекол.

Денес, кога ги имаме заштитено најважните идентитетски прашања за мене и мојот народ, можеме спокојно да разговараме за она што следи пред нас.

Почитувани,

Северна Македонија направи многу одлучни чекори кон ЕУ, а ние како Влада донесовме тешки, но храбри, државнички и визионерски одлуки за државата. Не беше воопшто лесно, тоа се тешки одлуки кои и за мене, и за Владата, и за граѓаните беа сериозен компромис, но на крајот на денот таа одлука мораше некој да ја донесе бидејќи нема ништо поважно од иднината на нашите деца и европската иднина на државата. По 17 години чекање почнавме преговори кои значат европска иднина за граѓаните со економски напредок, социјална правда и владеење на демократијата. И тоа е според мене, најпатриотското нешто кое еден државник денес може да го направи.

А да се стигне до овој статус не беше лесно. Јас лично учествував во преговорите кои ни овозможија почеток на преговорите со ЕУ и ви тврдам дека не сум имал помачно искуство во животот. Тие преговори беа исклучително тешки. Вие пред себе имате членови на ЕУ во кој сакате да влезете и со кои треба и да покажете дипломатија, но и да ги задржите вашите позиции. И тоа е тешко и во секој случај не е лесно. И за граѓаните и за мене. Некој ако мислел дека мене ми е лесно, погрешил. И јас сум човек, граѓанин на како секој друг граѓанин на оваа држава. Нормално е дека се чувствувавме така сите вклучително и јас.

Но, на крајот на денот некој мораше да донесе одлука. Таа е одлука за иднината на оваа и иднината на генерации на нашите деца кои што доаѓаат. Избраниот концепт каде со крената глава како Македонци, со заштитен македонски јазик ги отпочнуваме преговорите со ЕУ, беше прашање на храброст.

Кога сте на мојата позиција, кога сте премиер, ваша обврска е да не мислите само на себе, туку да мислите на сите освен на себе. Колку и да беше мачно тоа чувство, седејќи на големата маса во Брисел, со сите големи земји и наши пријатели, сфаќате каде всушност ние припаѓаме. Ние припаѓаме во ЕУ. Тоа нема алтернатива, ниту пак некој во оваа држава до сега за 31 година понудил алтернатива на членството во ЕУ. Јас апсолутно знам дека на тој пат нема да биде лесно, на него ќе има пречки, ќе има предизвици и сите заедно мора да се справиме со нив. Но, на крајот на тој пат е големата награда, а тоа е членството во ЕУ, цел којашто пред 31 година сите граѓани на оваа држава им ја оставија како аманет на сите Влади коишто ја водеа државата затоа што кога ќе биде остварена таа цел граѓаните на нашта држава ќе живеат во европска држава, ќе бидат горди и ќе бидат побогати, така како што сакаат да бидат и сега, но тогаш нема да ја напуштаат својата земја и да одат во државите на ЕУ, туку ќе живеат во земја на ЕУ тука, дома во Северна Македонија.

Со одржувањето на првата меѓувладина конференција во јули оваа година направивме историски чекор и ја официјализиравме нашата определба за членство во Унијата. Со заштитен македонски јазик, без историски прашања во преговарачката рамка, со заштитен македонски идентитет неоспоруван во ЕУ.

Почитувани,

Имаме тешка задача пред нас, но амбициозно ги поставуваме целите и одиме со забрзан чекор по европскиот пат.

Како Влада ја демонстрираме политичката волја за продолжување на реформите работејќи посветно за билатералниот скрининг кој започнува веќе следниот месец. Скринингот кој веќе тече, ќе ги забрза реформите, а на долг рок ќе ги европеизира институциите, што е директна придобивка за граѓаните.

Нашите граѓани живеат со идејата за Европската Унија веќе 31 година, и нема никој што е посвесен дека процесот на европеизација не се само закони и документи, туку промена на начинот на кој размислуваме за општеството и процесите, но и начинот на кој се владее правото и се подобрува квалитетот на животот за сите во државата.

Затоа сум спокоен дека ја имаме и поддршката од граѓаните, од граѓанските организации, од медиумите, од деловната заедницата за процесот на преговорите со Европската Унија. Нема човек во земјава што не сака земјава да има западен економски стандард и европски институции за подобар сервис кон граѓаните.

Сите засегнати страни, а особено академската заедница и експертите од граѓанскиот сектор знаат дека во Владата има ширум отворени врати за партнерски пристап во преговорите, и точно знаат немаме намера преговорите да ги водиме сами. Ќе го правиме тоа заедно, сплотени, државнички со сите страни во државата.

Направивме европска и функционална преговарачката структура, која ќе може во брз рок да даде резултати имајќи предвид дека скринингот ќе биде интензивен. Со добра подготвеност за брзо и успешно да го завршиме скринингот, верувам и очекувам дека тоа ќе се случи за 14 месеци. Се бара силен ангажман од сите, бидејќи ова не е задача на една Влада или партија, ова е задача на сите чинители во државата.

Затоа уште еднаш ја повикувам опозицијата во Собранието да се обединиме заради иднината на оваа држава. Тоа се однесува на преговорите со Европската Унија, но и на уставните измени кои нè очекуваат веднаш штом завршиме со процесот на скринингот. За жал, се однесува и на сегашното однесување на опозицијата.

Ние не смееме повеќе да си дозволиме Извештај на Европската комисија да нотира дека опозиција блокира европски реформи во Собранието. Не смееме повеќе да си дозволиме позицијата да работи забрзано кон ЕУ, а опозицијата да биде сидро на деструкција и спротивен правец. Опозицијата им должи на граѓаните да ги одблокира и да сработи на реформите кои ќе ни ги забрзаат преговорите со ЕУ, за побрзо да станеме полноправна членка.

Навистина би било страшно доколку се блокира патот кон ЕУ поради политички игри. Искрено се надевам дека ќе сме обединети за иднината на нашата земја и нашите граѓани. Европската Унија значи повеќе инвестиции, повеќе работни места, подобро платени работни места. Не работиме така напорно за членство во ЕУ само за да кажеме дека сме членка на ЕУ. Работиме на полноправото членство затоа што ќе направиме подобра земја за живеење во процесот. Не постои друга алтернатива за нас освен ЕУ и ако опозицијата тоа не го разбира, тогаш тие буквално си играат со иднината на Северна Македонија.

Обединетоста мора да ја имаме внатре во државата, за да можеме да ја применуваме и надвор од неа. Ние, сите заедно, и во Евроспската Унија и надовор од неа, имаме сериозни предизвици со кои се соочуваме и без сплотеност тешко ќе ги надминеме. Во Украина сè уште има војна која секој ден носи човечки животи, на најбруталниот начин кој последно сме го виделе на континентов во 90-те на Балканот или за време на Втората светска војна.

Како и секоја војна, и оваа носи рушевини, сиромаштија, глад. Северна Македонија стои и ќе продолжи да стои во поддршка на Украина.

Војната во Украина поттикна и неверојатна солидарност и сплотеност на Европскиот континент каква што одамна немаме сведочено. Не само на сите европски земји кон Украина, туку и на сите европски земји меѓусебно во справување со последиците кои војната во Украина ги предизвика врз Европа и светот генерално.

Енергетската криза ја обедини Европа надвор од границите на Унијата. Еднаш веќе пред лидерите на европските земји во Прага реков, но ќе го повторувам ова се до денот додека не излеземе од оваа криза енергетски независни, а тоа е дека само обединети може да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна. И на ниеден друг начин.

И убеден сум дека ако воената агресија на Русија врз Украина ни ја покажа силата на обединетоста на НАТО Алијансата, токму тука сред енергетските и економски последици од војната ќе ја видиме и силата на Европската Унија.

Заедничките енергетски проекти како нови извори за снабдување со гас како поеколошки и поевтин енергенс се од суштинско значење за Северна Македонија. Тоа ги вклучува и можностите за поставување како регионален центар за натамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот кој е еден од најпогодените поради начинот на производство на електрична енергија и економската состојба на земјите поради глобалната инфлација.

Ние, сите заедно на Европскиот континент, сме исправени пред предизвик на соочување со најтешката зима после Втората светска војна, и од нашата соработка и зависи како ќе излеземе од истиот. А јас лично сум убеден, дека овој предизвик ќе го искористиме за да ја забрзаме зелената и дигитална транзиција која во иднина ќе не направи посилни, понезависни и пообединети од било кога до сега.

Како Влада, секој ден работиме за граѓаните за никој да не биде изоставен или заборавен во справувањето со недостатоците со електрична енергија или храна. Нема да дозволиме ниеден граѓанин сам да се справува и оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно на најдобриот можен начин.

Највисоката стапка на инфлација во последниве 50 години низ цела Европа, нè обврзува во заеднички пристап кон кризата и со нашите НАТО и ЕУ партнери и со земјите од регионот, за да делуваме одлучно и да преземаме што поефективни мерки за справување со истата.

Јас ветив дека ќе направам се и ќе направиме заедно со членовите на Влада сѐ за да обезбедиме доволно греење и храна за да се преброди оваа зима, и тоа секојдневно го покажуваме на дело и преземаме мерки за да го заштитиме животниот стандард на граѓаните но и ликвидноста на компаниите.

Како Влада, делувавме брзо и ефективно со првиот сет мерки од 400 милиони евра за ублажување на ценовниот шок и заштита на животниот стандард на граѓаните, а продолжуваме со новиот пакет мерки за справување со енергетската и ценовната криза и тоа најмногу кон најранливите категории граѓани кои се најпогодени во државата. Антикризните мерки во 2022 година досега се 760 милиони евра.

Ќе продложиме со антикризната флексибилност и таргетирано реагирање според потребите на граѓаните и компаниите. Сметаме на нашите пријатели од Европската Унија, сметаме на нашите најблиски соседи со кои веќе се договоривме дека ќе настапуваме како едно. Посветени сме во исполнување на нашиот план за обезбедување ресурси и пред сè електрична енергија за семејствата, за училиштата, за болниците, за претпријатијата во државата.

Посветени сме и на енергетската транзиција на земјата, затоа што знаеме дека тоа е иднината и за енергетска независност но и за заштита на планетата. И затоа само во мандатот на мојата Влада имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотоволтаични централи во државата повеќе отколку за 11 години што беа инсталирани вкупно во државата. Северна Македонија има ресурси, има сонце, вода, почва, сето тоа се ресурси кои може да се искористат за наш развој.

Почитувана и Драга претседателке,

Сметаме и на вашата поддршка и на вашето лидерство за обединетост во справувањето со енергетската и ценовна криза. Убеден сум дека токму како што Северна Македонија не остава ниеден граѓанин сам да се справува со кризата, Европската Унија не остава ниедна земја во Европа сама да се справува со кризата. Нашата обединетост може само да расне само во случај ако станува поотпорна во справувањето со сите предизвици до завршувањето на војната во Украина и после неа.

Изразувам огромна благодарност, во мое лично име и во име на граѓаните, и за поддршката и за помошта што ни ја давате во услови на светска криза. Таа поддршка е одличен стимул за да продолжиме да работиме на обновливите извори на енергија, енергетското поврзување и инфраструктура, се до нашата енергетска независност.

Сакам да ви се заблагодарам и за макрофинансиската помош којашто во време на ковид кризата ја обезбедивте за нашата држава, како и за вклучувањето на нашиот министер за економија на сите состаноци коишто се одржуваат на ниво на ЕУ заради полесно справување со енергетската криза.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
РКЕ ќе стокми нова цена на горивата – Каква одлука ќе биде донесена?

На лондонската берза нафтата се движи по цена од 75 долари за барел од типот брент покажаа последните податоци. Регулаторната Комисија денес се очекува да ги потврди новите цени на горивата. Ова се актуелните цени на бензините и нафтата: ЕУРОСУПЕР БС – 95 80.5 ден/литар ; ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)... Прочитај повеќе...

„Резултати што прават разлика“: СДСМ ја започна изградбата на автопатот Прилеп – Битола и СДСМ ќе го пушти во употреба

На денешната трибина „Резултати што прават разлика“ членот на Централниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски посочи дека преку изградбата на коридорот 10 Д конечно се стави крај на дилемите кој и кога ќе го гради автопатот кон Битола. „Драго ми е што оваа трибина се одржува во Битола и што... Прочитај повеќе...

Лукаревска од трбината во Битола: Мицкоски да одлучи, или е за ЕУ или е за Левица

На денешната трибина „Резултати што прават разлика“ одржана во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска посочи дека е време како држава да го заокружиме процесот за продолжување на европскиот пат, повика на одговорност од сите политички чинители а опозицијата ја повика да се одлучи дали се за ЕУ или... Прочитај повеќе...

(НАЈАВА) Министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ Сташа Кошарац во посета на Северна Македонија на средба со министерот за економија Крешник Бектеши

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац од утре (29.05.2023) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри, а ќе бидат потпишани и два... Прочитај повеќе...

Трибина „Резултати што прават разлика“: Додека Скопје мака мачи со јавниот превоз, Струмица станува прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз

Во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Костадинов ги презентираше идните проекти на општина Струмица што имаат за цел да ги унапредат инфраструктурата и сообраќајот во општина Струмица. „Додека Скопје како главен град во државата кубури со јавниот прево, Струмица... Прочитај повеќе...

Пари ќе им паѓаат од небо на овие хороскопски знаци во јуни – Голем финансиски хороскоп за сите знаци

Овен (21 март – 19 април): Во јуни 2023 година, Овен, може да доживеете поттик во вашата финансиска состојба. Може да ви се појават нови можности за зголемен приход. Важно е да се задржи избалансиран пристап и да се избегне импулсивно трошење. Одвојте време да ги процените ризиците и да... Прочитај повеќе...

Полицијата упадна во повеќе локали во Битола, затекнати малолетници по полноќ

Денеска (28.05.2023) во временскиот период од 00.00 до 01.30 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена била акциска контрола и во еден угостителски објект во Битола биле затекнати 4 малолетници после 00.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена прекршочна пријава по... Прочитај повеќе...

Млад скопјанец претепан од три лица во центарот на Скопје

Денеска (28.05.2023) во 02.10 часот И.С.(20) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во обраќањето на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ кусо се осврна и на успесите на СДСМ во изминатите години во делот на инфраструктурата. „Изградивме и обновивме преку 1.400 километри патишта. Над 69 километри автопатски делници се направени. Во тек е изградба на 190... Прочитај повеќе...

Нападнат фудбалски судија на детска лига помеѓу екипи од Штип и Тетово

На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион “Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за […] The post Оддржана констутивна седница на НАТТА appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот […] The post Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy