Драма на аеродром: Крадци влегле во авионот кој пренесувал пари – украле 5 милиони долари!

Група вооружени крадци украле 5 милиони долари во кеш од товарен авион кој се подготвувал за лет од Бразил во Швајцарија.

Грабежот се случил на аеродромот Виракопос во Сао Паоло и тоа само неколку моменти пред планираното полетување за Цирих.

Федералната полиција во Бразил соопшти дека група од најмалку пет вооружени лица ја извела кражбата со возило слично на службените полициски возила.

Управата на аеродромот во Сао Паоло соопшти дека за време на грабежот немало настрадани, а дека крадците избегале во непознат правец. Истрагата е во тек.