Дух фатен на камера? „Не е можно, не верувам“ (Видео)

Страшна снимка од безбедносни камери покажува светла фигура која буквално „танцува“ од еден до друг дел на екранот. Видео-клипот е забележан во западна Австралија.

Видеото го постави Јутјуб корсникот „mazdafreo“ кој напишал:

„Доказ дека постои дух кој се шета покрај автомобилите. Ова не е првпат да се случи вакво нешто, а се надевам дека нема повторно да се случува“.

Како по обичај, се поставува прашањето дали видеото е веродостојно или се работи за уште една монтажа.