Една добра вест: Зголеменo нивото на Преспанското Езеро

Зголемени се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце, Велес, Железниот мост во Скопје, Демир Капија, Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце, Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила, Струмица кај Сушево, Ново Село, Црна Река кај Новаци и Р.Б.Мост, Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун и Радика кај Бошков мост, покажуваат денешните хидроолошки мерења.

Минимално е зголемено нивото на Преспанското Езеро, нивото на Дојранското Езеро е под просекот за април, а нивото на Охридското Езеро е во рамки на просекот.