Еднојајчена тројка во Мостар вистинска медицинска сензација, една во 200 милиони!

Пред три месеци младиот брачен пар од Мостар, Блаженко и Анамарија Мартиновиќ станале среќни родители на еднојајчена тројка.

Според зборовите на лекарите, се работи за вистинска медицинска сензација, која се случува еднаш во 200 милиони бремености.

Кога Анамарија при првиот преглед дознала дека ќе стане мајка на двојка, на нејзината среќа и немало крај. Меѓутоа, тоа не било крај на изненадувањата.

На следниот преглед дознала дека се работи за тројка и тоа еднојајчена. Следел шок, а потоа, голема среќа.

Сè поминало во најдобар ред, Анамарија на свет донела три здрави девојчиња, Анета, Изабела и Рене.

И покрај шансите од 1:200 милиони, родените бебиња немаат никакви деформации, пренесе N1.

Фото: N1