Енергетска бомба за зајакнување на имунитетот (Рецепт)

Колкумина од вас настинале? Сезоната на настинки и грипови е во тек, а вие можете да се заштитите доколку направите вистинска енергетска бомба поради која бактериите и вирусите нема да ви можат ништо.

Потребни ви се: – една стаклена тегла – половина килограм мед – 2-3 корења ѓумбир – еден поголем лимон, со кора

Подготовка:

Добро измијте го лимонот и исечете го на кришки. Излупете го ѓумбирот и исецкајте го на парчиња со средна големина. Најлесно е, доколку имате блендер, лимонот и ѓумбирот да ги измиксате во него. Доколку немате, тогаш можете и да ги изрендате ѓумбирот и кората од лимонот, а потоа да го исцедите сокот. Во тој случај не ги сечете ѓумбирот и лимонот.

Откако ја иситнавте смесата, додајте мед, добро измешајте и ставете во тегла.

Чувајте ја смесата во фрижидер, а земајте по една поголема лажица. Најдобро би било оваа смеса да ја земате со дрвена или пластична лажица.