Ерусалим, поделениот град, следно кризно прашање меѓу Израел и Палестина

Мирјана ВАСИЛЕВА

Ерусалим е град околу кој се водат многу битки: политички, културни, верски. Ерусалим e престолнина на два народа, свето место на три вери и единствен град што постои и на земјата и на небото, напишале многубројни историчари, публицисти и теолози. Oвој град, полн со симболика, со децении е повод за жестоки битки.

Статусот на Ерусалим е опишан како едно од најнерешливите прашања во израелско-палестинскиот конфликт.

Ерусалим како јаболко на раздорот на Блискиот Исток

Во Источен Ерусалим се наоѓа Стариот град, кој содржи многу места од најголемо религиозно значење за трите главни авраамски религии, јудаизмот, христијанството и исламот.

Но, ридот на храмот е важен за Евреите бидејќи таму се наоѓале првиот и вториот ерусалимски храм. Западниот ѕид, Ѕид на плачот, стои како остаток од Вториот храм. За муслиманите, Ерусалим е трет најсвет град во исламот по Мека и Медина, а според исламското верување, токму на планината над градот е храмот Ал Акса од каде Мухамед се вознел на небото.

За христијаните, Ерусалим е местото каде што бил распнат Исус и таму се наоѓа базиликата на Светиот гроб, која ги содржи двете најсвети места во христијанството: местото на распнувањето и празниот гроб на Исус.

Во поновата историја источен Ерусалим беше заземен од израелската армија во Шестдневната војна во 1967 година и оттогаш е под целосна израелска контрола. Израелските власти дозволија слободен пристап на сите верници и се согласија да им дадат на муслиманите и христијаните управување со нивните свети места. Меѓутоа го ограничуваат пристапот до џамиите кога властите сметаат дека јавната безбедност е загрозена.

Кнесетот го усвои Законот за Ерусалим во 1980 година, кој го дефинира Ерусалим како главен град на Израел.

Палестинците, пак, и многумина во меѓународната заедница, сметаат дека Источен Ерусалим е идниот главен град на државата Палестина.

Во последните години, групи на религиозни и националистички Евреи, придружувани од полицијата, го посетија комплексот во поголем број и одржуваа молитви спротивно на правилата воспоставени по 1967 година од страна на Израел, Јордан и муслиманските верски старешини. Честите посети и обиди да се молат од страна на Евреите, Палестинците ги гледаат како провокација, често проследени со расправии или посериозно насилство.

Дека состојбата околу светиот рид и Златната купола секогаш низ годините е континуирано напната, најдобро се илустрира со настанот од 2000 година, кога тогашниот израелски премиер Ариел Шарон, по неуспешните мировни преговори во Кемп Дејвид, отиде на светиот рид, со што ја предизвика втората Интифада (палестински востание) што траеше четири години и предизвика многу жртви на двете страни.

Поради оваа причина, прашањето за Ерусалим и неговиот статус е исто така прашање на идната поделба на израелска и палестинска територија.

„Секоја промена на статусот на Ерусалим влијае на идниот облик на државите. Тука се испреплетуваат политичките и верските прашања“, велат добрите познавачи на израелско-палестинските односи.

И затоа некои Израелци велат дека местото треба да биде отворено за сите верници. Палестинците одбиваат да го сторат тоа, плашејќи се дека Израел на крајот ќе ја преземе локацијата или ќе ја подели. Од друга страна, израелските власти велат дека немаат намера да ја менуваат постоечката состојба.

Според статистичките податоци сегашното население на Источен Ерусалим е околу 580 илјади, од кои 61% се Арапи, а 39% се Евреи. Источен Ерусалим сочинува околу 60% од населението на Ерусалим.

Каков е статутот на Палестинците кои што живеат во Источен Ерусалим

Евреите родени во источен Ерусалим се израелски државјани, додека Палестинците од источен Ерусалим добиваат форма на постојан престој кој може да се отповика доколку живеат надвор од градот подолг временски период. Тие можат да аплицираат за државјанство, но тоа е долг и неизвесен процес и повеќето избираат да не го прават тоа затоа што не ја признаваат израелската контрола.

Израел изгради еврејски населби во источен Ерусалим каде живеат околу 220.000 луѓе. Ова сериозно го ограничи растот на палестинските населби, што доведе до пренатрупаност и нелегална изградба на илјадници домови на кои им се заканува рушење.

Израелската организација за човекови права B’Tselem и Хјуман рајтс воч со седиште во Њујорк ја наведоа дискриминаторската политика во Источен Ерусалим во неодамнешните извештаи кои тврдат дека Израел е виновен за злосторството на апартхејдот. Израел ги отфрла овие наводи, наведувајќи дека подеднакво ги третира жителите на Ерусалим.

Пред три години, администрацијата на тогашниот претседател Трамп, го предложи планот за Мир на Блискиот исток: Ерусалим да биде главен град на Израел, додека, пак, откако ќе се заокружи палестинската државност, главен град на Палестинците да биде Абу Диз, предградие на Источен Ерусалим. Предлогот веднаш беше одбиен од палестинскиот претседател Махмуд Абаз со образложението дека ниту Ерусалим, ниту Палестина, не се за продавање.

Освен Саудиска Арабија, и другите арапски земји не го прифатија Трамповиот план, кој меѓу другото предвидуваше палестинскиот народ да ја признае незвисноста на Израел во период од 4 гоидини, Израел да не гради повеќе населби околу Западниот брег, како и да започнат преговори меѓу Палестиниците и Израелците за договор околу уредувањето на палестинската државност.

Додека не се решат овие прашања кои, сега засега се чинат нерешливи, светот само ќе регистрира дека од 1948 година до денес не поминала ниту една година во која немаше загинати и повредени жители, во помали или поголеми конфликти меѓу Израелците и Палестинците. Четири големи израелско-арапски војни се водеа во 1948-1949, 1956, 1967 и 1973 година, како и за време на Првата и Втората либанска војна во 1982 и 2006 година.

Во такви околности милиони луѓе го доживуваат Ерусалим како заедничка порта низ која треба да се помине на патот помеѓу сегашноста и иднината. Упорните напори на оние кои сакаат да ги затворат тие врати за еден, а да ги отворат пошироко за другите, ќе продолжат да пропаѓаат.

„Колку и да изгледа моќна и одлучувачка дневната политика од перспектива на обичните луѓе, многу е мала во споредба со бесмртниот Ерусалим“, е пораката на еден анонимен верник, оставена пред многу години на камењата на ерусалимските духовни светилишта.

Извор: Racin.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини. ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните но за жал повеќе... Прочитај повеќе...

Чупеска: Дали “сознанијата” на Мицкоски му потекнуваат од средбите кои ги имал со Палчо?

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?! И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!?... Прочитај повеќе...

Во сабота го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

Житие: Свети великомаченик Георгиј На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници.... Прочитај повеќе...

Значителна промена на времето, доаѓа и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во недела претежно во западните делови во попладневните часови и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, Дневните температури во овој период ќе бидат во благ... Прочитај повеќе...

Дневен хороскоп за 9 декември

Овен (21 март – 19 април): Овен, денес го разгорува вашиот авантуристички дух! Прифатете ги предизвиците со задоволство и ќе најдете успех. Неочекуваната средба носи возбуда, затоа имајте ги очите отворени за изненадувања. Бик (20 април – 20 мај): Бик, најдете утеха во познатото денес. Препуштете се на животните задоволства... Прочитај повеќе...

Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини. ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните но за жал повеќе и од очигледно е дека […] Прочитај повеќе...

Чупеска: Мицкоски во кратки црти да раскаже каква заедничка платформа договараа со Палчо

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?! И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!? Невероватно што се чоеков може […] Прочитај повеќе...

Во 2028 година Македонија ќе биде членка на ЕУ?

Македонија ќе стане членка на Европската униија во 2028 година. Ова го изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“ на МРТ1. Ковачевски рече дека во следниот мандат ќе биед влезот во ЕУ, односно до 2028 година. Тој е убеден дека победник на изборите ќе биде СДСМ и коалицијата. -На претседателските избори на […] Прочитај повеќе...

Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

Екологијата се повеќе го стекнува своето заслужено место, а земјите од Скандинавија секако се водечки. Затоа, не треба да чуди што Шведска наскоро би можела да стане број еден еколошка земја. Имено, нивните идеи се иновативни, а нивните трикови за конзервација надминуваат се. Грејната сезона трае долго, некои користат дрва, некои гас, а некои верувале […] Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво откако швајцарската народна банка ја […] Прочитај повеќе...

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка. Ова денеска го потврди германската федерална статистичка служба Дестатис. Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година. „Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред“,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Рускиот приход се зголеми

Приходите на рускиот буџет од јануари до ноември, според прелиминарните проценки, се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво на 25,96 трилиони рубљи. Ова денеска го соопшти Министерството за финансии на Русија. Приходите од нафта и гас за првите 11 месеци од оваа година се намалени за 22,8 отсто на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Индија (РБИ) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 6,5 отсто, петти пат по ред. Глобалниот раст забавува, но индиската економија покажува отпорност на светските настани бидејќи економијата на земјата порасна за 7,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал од фискалната 2023/24... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во октомври значително зголемување: Зголемена вредноста на увозот на руска стока во Америка

САД во октомври увезле стоки од Русија во вредност од 274,4 милиони долари, што е значително зголемување од 252,3 милиони долари во септември, покажуваат податоците на американското биро за попис, кое собира податоци за населението и економијата на САД. Во извештајот се наведува дека извозот на американски стоки во Русија... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy