Еуро Вучиќ – Хардкор Вучиќ, 1:0

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Вучиќ уште еднаш покажа дека одлично ја познава меѓународната и балканската политичка реалност. И уште повеќе, ја покажа својата извонредна способност да се прилагоди на таа реалност. Во долгото видео обраќање, навидум неволно, со познатите обвиненија на сметка на Западот, српскиот претседател кажа дека, сепак, е спремен да го исполни германско-францускиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Образложението му беше реалистично – ако не го прифати планот, Србија ќе биде изолирана и сиромашна (како македонската држава во време на Груевски). А патот е цврсто трасиран – членство во ЕУ, тоа недвосмислено го кажа српскиот властодржец.

Притоа, Вучиќ рече и дека „нам ни е потребен мир со Албанците и одговорен пристап“. Европски. Просечен балкански националист (српски, албански, македонски или некој друг) сигурно има проблем да го препознае Вучиќ во овој и низа други ставови што ги кажа по состанокот со претставниците на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија.

Добро пакување

Вучиќ, како и во претходните десетина години откако е на власт во Србија, добро знае да ги спакува и продаде своите одлуки на различни публики (и гласачи). Се разбира, кога велам добро, ги подразбирам балканските стандарди за политичар. (Тоа е лик кој мисли дека јавноста има дури и пократко паметење отколку што навистина има. И најчесто е во право.)

Борба со самиот себеси

Вучиќ е во постојана борба против самиот себеси. Што значи тоа? Навидум, српскиот автократ често доживува идеолошко политички трансформации. Вешто и добро игра на самиот раб на логиката, што е својствено за поголем дел од балканските политичари (и пошироко). Ја познава и ја разбира реалната политика.

Затоа, често дава изјави, па и носи одлуки во спротивност со претходно дадени изјави. Постојано се наоѓа во конфликт со сопствениот национализам и популизам. Впрочем, политиката на Балканот, за жал, често се сведува на конфронтација на политичките елити со реалноста што ја создаваат самите. А за своето „менување на курсот“ добиваат аплаузи и финансиски пакети за економско закрепнување и „јакнење на демократските институции“.

Голем плус за Србија и за регионот

Да бидеме реални, спремноста на Вучиќ за реализација на планот за нормализација на односите со Косово е голем плус за Србија, но и за целиот регион. Но не е големо изненадување. Сигналите за тоа дека Вучиќ веќе ја скроил својата европска капа беа тука и порано.

Има бројни примери за тоа како Вучиќ успешно еквилибрира меѓу различните публики во својата земја и различните центри на моќта надвор од Србија.

Пример 1: Го нарече Курти „терористички олош“, а потоа седна на иста маса со него во Тирана

На 1 декември, минатата година, се јави по телефон на ТВ Пинк (целосно под негова контрола) и истури лавина од навреди и говор на омраза за српските политичари во Косово, Рашиќ и Трајковиќ (ги нарече „најлошиот српски олош, од дното на кацата“), и косовскиот премиер, Курти (го нарече „терористички олош“). „Подобро да ме нема, отколку да ви ја предадам [Србија] во рацете. И затоа никој од Србија нема да оди во Тирана [на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан]“, со висок тон, патетично, извика Вучиќ во телефонската изјава. Пет дена подоцна даде помирлива изјава, а неколку дена подоцна, си седна на столчето на Самитот во Тирана.

Со ова однесување, тој ги задоволи апетитите на сите – и националистите со говорот на омразата, и прогресивните ентитети со помирлив тон веднаш потоа, и Брисел со учеството на Самитот.

Пример 2: Вучиќ потпиша спогодби за економска нормализација со Косово

И порано, во 2020 година, како учениче, Вучиќ седна пред експретседателот на САД, Доналд Трамп, а потоа и ги потпиша спогодбите за економска нормализација со тогашниот косовски премиер, Абдула Хоти. Непотребно е да се нагласува дека националистите и во Косово и во Србија овој чин го оценија како предавство во своите земји. Но сите си потпишаа, а Трамп си стави на конто уште еден меѓународен дипломатски успех. И тогаш, но и сега, Србија сѐ уште е далеку од признавање на Косово како држава, но оди кон тоа.

Пример 3: Три во едно

Во септември 2022, Вучиќ на вообичаено долгата и театрална прес конференција, изјави дека ЕуроПрајд мора да се одложи или откаже. (ЕуроПрајд се одржа.) Истовремено, соопшти дека премиерскиот мандат на Брнабиќ се продолжува. Образложението за откажување на ЕуроПрајд му беше контрадикторно. Се пожали дека државата нема капацитет да се справува со, како што ја нарече, „кризата“ во односите со Косово, а во истата реченица кажа дека земјата се спрема за „Отворен Балкан“. Три во едно.

Истиот ден, од твит на Жозеп Борел, јавноста дозна дека е постигната спогодба со која се решава спорот со регистарските таблички меѓу Србија и Косово.

Пример 4: Не постои алтернатива за ЕУ

За време на насилните протести на радикалните националисти против европската преговарачка, Вучиќ за ТВ Сител даде интервју во кое недвосмислено ја покажа својата ЕУ определба и тоа силно ѝ го препорача на македонската антиевропска опозиција. „Гледајте да одите напред“ – порача Вучиќ, сведочејќи дека преговорите со Брисел се тешки и дека болна е точката за Косово, но дека не постои алтернатива за патот кон ЕУ.

Политички лупинзи

На повеќе средби со колеги тврдев дека, ако некој во Србија придонесе кон надминување на спорот со Косово, тоа ќе биде токму Вучиќ, иако е најпознат токму како популист, автократ и националист, политичкиот подем го започна како евроскептик и шурува со Кремљ дури и среде брутална агресија против Украина.

Зошто ги прави тие политички лупинзи? Затоа што знае да ја согледа реалноста кога таа мора неизбежно да ја прифати, на еден или на друг начин.

Можеби Вучиќ не е добар пример, но добро би било кога националистите и радикалите во земјава би го следеле барем неговиот пример.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Ковачевски: Јасен е ставот на ЕУ, Северна Македонија  треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за Прочитај повеќе...

Полска преговара со Украина за привремено затворање на границата

Полска преговара со Украина за привремено затворање на границата меѓу двете земји поради протестите на фармерите, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Полските земјоделци повеќе од седум дена ги прекинуваат прекуграничните пратки, тврдејќи дека евтините украински производи го преплавуваат полскиот пазар. – Сакаме да и помогнеме на Украина, но не Прочитај повеќе...

Почина актерот Ричард Луис

Актерот Ричард Луис почина на 76-годишна возраст. Луис имаше одлична кариера во Холивуд како актер, писател и комичар. Пред неполна година тој објави дека се бори со Паркинсоновата болест. Неговата најзабележителна улога беше во хумористичната серија „Curb Your Enthusiasm“, но и во филмот „Робин Худ“ од 1993 година и многу Прочитај повеќе...

Скенирате фискални? Сумата за поврат на ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари – најави Ковачевски

Сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие, најави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на настан на СДСМ во Штип. Во моментов речиси половина милион граѓани скенираат фискални и имаат можност за поврат на ДДВ од 2.100 денари за Прочитај повеќе...

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа Прочитај повеќе...

Ковачевски: Јасен е ставот на ЕУ, Северна Македонија  треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за тоа да се направи и […] Прочитај повеќе...

Почина актерот Ричард Луис

Актерот Ричард Луис почина на 76-годишна возраст. Луис имаше одлична кариера во Холивуд како актер, писател и комичар. Пред неполна година тој објави дека се бори со Паркинсоновата болест. Неговата најзабележителна улога беше во хумористичната серија „Curb Your Enthusiasm“, но и во филмот „Робин Худ“ од 1993 година и многу други. Прочитај повеќе...

Дали знаете што значи овој сообраќаен знак? Збунува многумина

Дури и ако возите секој ден, невозможно е да знаете што значи секој сообраќаен знак. Па, ако некогаш сте виделе празен кружен знак со црвена граница и сте се чувствувале навистина збунети, не сте сами. За среќа, значењето е многу едноставно и покрај тоа што е еден од знаците што многумина го забораваат со текот […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа е за речиси 300 евра […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: Јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ

СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ и јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во Тема на денот на телевизија Сител. „Постојат многу анекти во текот на изминатиот период, анкети […] Прочитај повеќе...

Пензионери подгответе се: Објавено е кога ќе легнат парите од февруарската пензија, а од март следува ново покачување!

Пензијата се очекува да биде исплатена во редовниот термин на први март 2024 година во петок. Согласно новата методологија пензиите ќе пораснат за 5 проценти. Ова покачување ќе дојде од следниот месец. Вакви покачувања има секој шест месеци, согласно новиот закон. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Значително пораснале трошоците за градење – пораснале трошоците за вработените, но има голем пад кај градежните материјали

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

НЕГАТИВЕН ПРИРОРЕД ПРИРАСТ: За 4,5 проценти помалку родени деца во последниот квартал од 2023 – се родиле 4.185 деца, а починале 5.028 лица, меѓу кои 9  доенчиња

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 29. февруари 2024

Biznispro ја објавува најновата курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 28.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 29.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Дизни планира спојување од 8,5 милијарди долари со индиска медиумска компанија

ДЕЛХИ – Дизни објави денеска дека има намера да ја спои својата подружница „Стар Индија“ со медиумската компанија „Виаком18“ поддржана од Мукеш Амбани, „Рилијанс индустрис“, во зделка вреден 8,5 милијарди долари. Reliance ќе го води новиот бизнис, а партнерството би можело да прерасне во една од најголемите медиумски империи во... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...