Еве како изгледаше Јелена Розга на почетокот на кариерата (Видео)

Јелена Розга (40) денес е меѓу најпопуларните хрватски пејачки, а многумина ја сметаат за една од најзгодните.

Сериозна музичка кариера започнала 1996 година како пејачка во сплитскиот состав Магазин, а самостална десет години подоцна. Розга во детството, освен талент за пеење, покажувала и талент за балет.

Сепак, и таа некогаш била слатка девојка која се надевала дека ќе стане популарна пејачка, а сега можеме да видиме и како изгледала во тоа време.

Тогаш 17-годишната Јелена еден од првите настапи го имала во Сплит 1994 година на натпревар за пејачи аматери, каде освоила и награда.

Како изгледал нејзиниот настап погледнете во видеото…