Еве како Титовата полиција знаела со кого си има работа: Само со еден поглед на вашата стара лична карта

Дали можеби во вашата фиока ја чувате старата лична карта од бивша СФР Југославија? Во неа пишува и дали сте кривично осудувани, иако повеќето граѓани на бившата држава тоа не го знаеле.

На старите лични карти на дното на првата лева и втората десна страница постојат броеви испишани со црвена боја.

Меѓутоа, доколку последната бројка на првата страница се разликува од бројката на истата позиција на втората страница, тоа значи дека лицето е кривично осудувано онолку пати колку што бројките се разликуваат.

Имено, тоа во бившата држава, пред се за полицијата, а потоа и за други државни органи на кои граѓаните им ги давале личните карти на увид, бил првиот знак со кого си имаат работа.

Фото: Твитер