Еве кога ќе има реконструкција на Владата
Прво зголемување на парламентарното мнозинство, а потоа промени на некои ресори, најави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Прашање: Околу најавите за реконструкција. До каде се, кои партии ќе влезат во проширеното мнозинство, на кои министерски места може да има промени, на кои позиции?
-Многу сме далеку од овие работи, идеата е прво да го зголемиме парламентарното мнозинство од две причини, првата причина е да ја зајакнеме неговата стабилност, во функција пратениците да имаат повеќе време да поминат и со своите бирачи – со граѓаните, тие се буквално заробени овде.
-Втората работа е заради тоа што следуваат сериозни, крупни одлуки во Република Македонија, пред се мислам на реформите. Понатаму, се надевам на решение со проблемот којшто Грција го има со нашето уставно име.
-Истовремено, знам дека сериозни економски одлуки ќе има во државата, пролетта е одличен период на раздвижување на сите економски оперативи и многу други важни одлуки во нашата земја, а ако постои амбиент ќе го слушнеме тоа од оние политички партии и поединци, коишто досега се со пратеници во опозиција. Значи ќе разговараме со сите нив, а вториот чекор е во размислувањето кои ресори и какви ресори ќе бидат променети, изјави Заев.