Еве од кога да очекувате големо затоплување – прогноза за наредниве денови

До петок времето ќе се задржи претежно сончево. Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.

Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток.

За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец.

До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.