Еве што прогнозираат метеоролозите за Новогодишната ноќ

За време на викендот, како и за време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво.

Утре ќе дува слаб до умерен, а вдолж повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен.

Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег.