Еве што прогнозираат синоптичарите за Новогодишната ноќ

И утре ќе се задржи стабилно и релативно топло со појава на магла по одделни котлини.

Во четврток под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег.

Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер.

Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови.

Во деновите од викендот како и за време на Новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.