Фармер ископувал земја барајќи вода- она што го пронашол го воодушеви светот (Видео)

Ова изгледа како од некој друг свет. Но, ова „уметничко дело“ навистина постои. Овој феномен настанал во несреќа, кога фармер од Невада се обидел да најде вода.

Се` започнало на почетокот на 20. век кога фармерот се обидел да ископа бунар. Кога стигнал до водата, ја запрел целата работа, бидејќи температурата на водата била речиси 100 степени. 1964 година дошло до друг обид за копање, но повторно се откажале.

Не успеале да ја затворат дупката во целост, а резултатот е неверојатен.

Високиот притисок изнел гасови и минерали на површината и со текот на времето настанало ова ридче. Се создал мал екосистем со риби и некои видови птици кои живеат тука.