Фејсбук трикови – ова сигурно не го знаевте

Повеќе од милијарда луѓе редовно користат Фејсбук, но тоа не значи дека сите се до крај запознати со оваа социјална мрежа.

„Тајм“ пренесе неколку малку познати трикови за најголемата социјална платформа на интернет.

Прочитајте ја првата порака која сте ја напишале

Најлесен начин да ги видите првите пораки кои сте ги испратиле на пријателите е да ги симнете сите свои податоци од мрежата на компјутер. Ова можете да го направите така што ќе одите на General Settings. Бидете свесни дека овој процес може да потрае, бидејќи Фејсбук ја копира секоја порака која некогаш сте ја испратиле.

Исклучете ја опцијата „seen“

Не постои официјален начин како да го направите ова, што значи дека морате да најдете специјална апликација која ќе овозможи никој да не може да види кога сте ја прочитале примената порака.

Facebook Unseen App е една од нив, а работи исклучиво во Google Chrome. Друга е Crossrider’s Chat Undetected која работи на три пребарувачи – Chrome, Firefox i Internet Explorer.

Прочитајте ги скриените пораки во сандачето

Пораките кои ги добивате од луѓето со кои не сте пријатели на ФБ не се појавуваат во главната Inbox страница. Како би ги отвориле и прочитале, влезете во опцијата Messages, а потоа во Other, каде би требало да се наоѓаат тие пораки.