ФЕЉТОН Како опиумот е вбризгнат во историјата на Македонија?

Експанзијата на производството на канабисот (марихуаната) за медицински цели во Македонија последниве години, колку што ја детектира оваа дејност како естра-профитабилен бизнис, толку и покажува дека таа, повеќе од симболично, не е „без корен“.

Производството на канабисот за медицински цели нè навраќа во не толку далечната историја кога македонското поднебје не само што било препознаено како одлична почва за насади со афионот, од кој се добиваат опиумот и морфиумот, туку имало и водечко место на светската мапа на производството на овие опијати.

Кога се исчитуваат документите и хрониките поврзани со производството на афион, опиум и морфиум од разни архиви, тие се сè освен здодевно четиво какво што се очекува од депоата во кои се чуваат административните записи и преписки. Напротив, слободно можат да се оквалификуваат како материјал за стории, филмови и ТВ серии од трилер жанрот.

Како опиумот е вбризгнат во историјата?
Откако германскиот фармацевт Фридрих Зертурнер (Friedrich Sertürner) на почетокот на 19. век го изолирал екстрактот на морфиумот од опиумот, овој „лек“ според тогашните непишани критериуми станал многу популарен во аптеките. Тие фармацевтски „препарати“ за ублажување на болките не само што не биле инкриминирани, туку производи како капки за кашлица од хероин и лек за забоболка со кокаин се продавале отворено и слободно, а производителите користеле и живописни реклами, кои денес изгледаат апсолутно политички некоректни.

Овие објави на летоци, паноа или печатени во весници рекламираат паста за заби со кокаин, хероин пакуван во шишенца што се продава во аптеки и сл.

Денес, пак, со сепритуноста на интернетот, можете да најдете и по некој видео-тутиријал како се извлекува катранот од афионовата чушка.

Кон крајот на 19.век, независно еден од друг, францускиот хирург Шарл Праваз и шкотскиот лекар Александар Вуд го измислиле хиподермичниот шприц. На тој начин веќе едновековната употреба на морфиумот, сега со помош на „бризгалката“ (германски: spritze од spritzen – вбризгува) станала неизбежна „алатка“ за лекарите, со која постигнувале привремено исчезнување на сите болни симптоми.

Во 1949 година Артур Смит регистрирал патент во САД за шприцови за еднократна употреба, кои за масовна употреба почнала да ги произведува компанијата Бектон и Дикинсон од 1954 година. Овие шприцови биле направени од стакло, а во 1956 година новозеландскиот фармацевт Колин Мардок го измислил и патентирал пластичниот шприц за еднократна употреба.

Како и да е, производството на морфиумот во 19. век станал широко распространето. И како што обично бидува, додека на нечиј афион метафорично кажано „не му се стемни“, другиот нема да го огрее сонце.

Кон крајот на 19 век американскиот Конгрес ја донел првата забрана за опиум за заштита на белото население во САД. На европско тло, Османлиите тогаш го форсираат афионот како земјоделскат култура на Балканот, во Повардарието. Во тој дел на тогашната Османлиската империја, благодарение на агро- биолошките предности на македонското тло, афионот одлично успевал и набргу станал меѓу најценетите во светот.

Македонскиот афион содржел од 14 до 16 проценти морфин (или морфни единици) наспроти кинескиот, со само 3 до 5 проценти. Само афионот во Авганистан имал слична морфинска „реколта“ колку македонскиот.

Авганистан како земја со „специфично геополитичко поднебје“ подоцна станува доминантен производител во светот и го држи тој примат до ден денешен.

„Балканска Колумбија“

Државниот архив на Република Македонија кон крајот на 2017 година го објави зборникот Турско-југословенско централно опиумско биро (1931-1941).

Во Зборникот се објавени 119 документи, кои датираат од март 1931 до јули 1941 година и тие се однесуваат на активностите преземани за постигнување на Турско-Југословенскиот договор за извоз на опиум, за работата на Централното продажно биро со седиште во Истанбул и конечно за резултатите што Бирото ги постигнало за време на своето постоење.

Документите го потенцираат квалитетот на македонскиот опиум и неговиот статус во фармацевтската индустрија и на светскиот пазар на наркотици, истакнувајќи ги главните предуслови што го вреднуваат овој производ како што се поволните геолошки предиспозиции на земјиштето и специфичните климатски услови карактеристични за одредени делови на Македонија. Продорот на модифицираната медитеранска клима од Егејското Море по долините на реките Вардар и Струма, која во комбинација со растреситата земја што содржела ситен песок и малку вар, нудела идеални услови за одгледување афион.

Уште од 80-тите години на 19. век имало податоци дека афионот од кој се добивал опиум со најголем процент на морфиум односно со најдобар квалитет, се одгледувал во Тиквеш и во Раец. Другите области во кои се произведувал висококвалитетен афион, освен околината на Кавадарци, биле Струмица и Велес. Со помал процент на морфиум бил добиениот опиум во околината на Прилеп, Штип, Скопје, Куманово и Кочани.

Првите информации за количеството на опиум што се добивало во Македонија биле ретки и недоволни. Статистичките податоци на Османлиската Империја укажуваат дека во 1880 година биле произведени 70 тони, а во наредната година производството достигнало 79 тони суров опиум. Во периодот од 1901 до 1911 година годишното производство во Македонија изнесувало од 30-80 тони, што во просек значело 97 тони опиум. За време на Балканските и Првата светска војна (1912-1919) производството во просек изнесувало 60 тони годишно.

Најголемиот дел од родот се извезувал преку пристаништето во Солун. Во 1893 година биле изнесени 19 тони опиум, а во наредните години извозот постојано се зголемувал. Непосредно пред почетокот на Балканските војни речиси четвртина од извозот од Македонија, кој се одвивал преку Солун (26, отсто), го сочинувал суровиот опиум. Главните увозници биле Мала Азија (Турција), Германија, Велика Британија и САД.

(Продолжува)

Подготвил: С.С.

извор Рацин.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Кое овошје е најздраво? Дали сте ги пробале тие под број 1 или 7?

Постојат многу здрави овошја кои нудат широк спектар на хранливи материи и здравствени придобивки. Еве некои од најхранливите овошја: Боровинки: Овие мали бобинки се преполни со антиоксиданси кои помагаат во заштитата на вашите клетки од оштетување, а исто така се богати со витамин Ц, влакна и витамин К. Јаболка: Јаболката... Прочитај повеќе...

Љубовен хороскоп за април 2023 – На кои знаци ќе им се посреќи?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец, вашиот љубовен живот може да добие страствен пресврт, со многу возбудувања и авантури. Сепак, обидете се да го балансирате вашиот ентузијазам со размислување за чувствата и потребите на вашиот партнер. Бик (20.04 – 20.05): Овој месец може да почувствувате чувство на стабилност и сигурност... Прочитај повеќе...

Стотици илјади работни места во опасност?

Развојот на вештачката интелигенција може да доведе до автоматизација на многу работни места во Соединетите Американски Држави (САД) и Европа. Ова може да загрози стотици илјади работни места, според истражувањето на инвестициската банка Голдман Сакс. Инвестициската банка соопшти дека системот за вештачка интелигенција како што е ChatGPT во иднина би... Прочитај повеќе...

Симптом кој може да укажува на дијабетес

Многу е важно навреме да откриете дека имате проблем со шеќерот. Почести симптоми на дијабетес се постојано чувство на замор, проблеми со мочниот меур, чести патувања во тоалет и бавно зараснување на раните. Некои лекари предупредуваат дека на кожата може да се појави еден од првите симптоми на дијабетес тип... Прочитај повеќе...

Богоев: Ковачки и “спонтаната пензионерка” од ДПМНЕ не потсетија на старите режимски, грујови времиња

Фејсбук статус на Стефан Богоев од СДСМ: Ковачки и “спонтаната пензионерка” од ДПМНЕ не потсетија на старите режимски, грујови времиња. Во ВМРО – ДПМНЕ ништо не е сменето! Тоа е истата партија која се бави со лажни вести, лажни пензионери, монтирани напади , насилство, анти ЕУ реторика и контра протести... Прочитај повеќе...

Месечен хороскоп за април 2023 година – Изненадувања за неколку хороскопски знаци

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец може да доживеете некои предизвици во вашите лични односи или партнерства. Комуникацијата ќе биде клучна за решавање на сите прашања што ќе се појават, затоа погрижете се да се изразите јасно и да ги слушате другите со отворен ум. На позитивна нота, може да... Прочитај повеќе...

Ослободете се од сомнежите: Еве колку долго облеката може да остане во машината пред да почне да мириса

Кога имате премногу работа во текот на денот, може да заборавите да ја испразните машината за перење. Меѓутоа, предолгото оставање на облеката во машината не е добро бидејќи тие можат да апсорбираат непријатни мириси. Поради ова, многу луѓе се прашуваат колку долго облеката може да остане во машината без тоа... Прочитај повеќе...

Седењето со скрстени нозе ги оштетува крвните садови

Повеќето луѓе имаат навика да седат со скрстени нозе. За почеток, истражувањата покажуваат дека седењето со скрстени нозе може да ја зголеми неусогласеноста на колкот, каде што едниот е повисок од другиот. Исто така, ја менува брзината со која крвта се движи низ крвните садови на долните екстремитети, што може... Прочитај повеќе...

Богоев: Ковачки и “спонтаната пензионерка” од ДПМНЕ не потсетија на старите режимски, грујови времиња

Фејсбук статус на Стефан Богоев од СДСМ: Ковачки и “спонтаната пензионерка” од ДПМНЕ не потсетија на старите режимски, грујови времиња. Во ВМРО – ДПМНЕ ништо не е сменето! Тоа е истата партија која се бави со лажни вести, лажни пензионери, монтирани напади , насилство, анти ЕУ реторика и контра протести... Прочитај повеќе...

Ограбена аптека во центарот на Скопје

Синоќа во 20.39 часот во полицијата во Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана од вработената одзело пари, велат од МВР: Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Прочитај повеќе...

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување […] The post Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над 500 денари за вреќа од 15 килограми ги одвратија граѓаните од пелетите, а печките на пелети се продаваат по ниски цени по македонските огласници. Според […] The post Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy