Фотографијата која го обиколи цел свет крие тажна приказна

Али Месе, кој живее на северот на Турција, останал без ништо откако случајно предизвикал пожар во сопствената куќа.

До несреќата дошло додека палел греалка на плин. Бидејќи уредот бил неисправен, дошло до експлозија која го „проголтала“ неговиот дом.

Соседите, штом го забележале пожарот, повикале пожарникари, кои успеале да ги извлечат Али и неговата сопруга од огнот.

Несреќниот настан го забелеажале и камерите, а најголемото внимание во јавноста го привклекла фотографија од осумдесет и тригодишниот тажен Месе кој во раце го држи своето единствено преживеано милениче додека во позадина се гледа неговиот запален дом.

Во желба да му помоганат на Али и неговото семејство, хуманитарните организации почнале да собираат средства за нивната нова куќа.