Главни пораки од второто издание на Социо-еколошкиот форум Скопје

Повеќе од 100 учесници и над 40 панелисти вчера во Скопје беа дел од вториот Социо-еколошки Форум кој ги собра на едно место прогресивните лидери, носители на одлуки, медиумски претставници, експерти од областа на енергетиката, активисти, младински лидери, претставници на граѓанското општество и високи гости од регионот и Европа. Претставниците на организаторите Фондацијата „Фридрих-Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија појаснија конференцијата го носи името форум бидејќи овие состаноци треба да бидат пазар на идеи и иницијативи за тоа како да се справиме со климатските промени на начин што ги става граѓаните на нашите земји напред и централно. Објаснија дека нивната цел и за третото издание на Форумот следната година ќе биде обединувањето на различните перспективи од Европската Унија, од земјите во регионот на Западен Балкан, национални лидери, партиски раководства, лидери на заедници и претставници на тинк тенк секторот да биде ставено во пракса како да се поддржуваат едни со други за време на праведната транзиција на нашите општества.

„Социјално-праведна трансформација за енергетски самоодржлива Европа“, „На демократијата и’ требаат демократи, а на енергетиката – демократизација“, „Технички решенија кои ќе овозможат промени на локално ниво“, „Жените во енергетиката“, „Агенти на промена и енергетска-трансформација предводена од младите“ беа главните теми на второто издание на Форумот. Мартин Шулц, Албин Курти, Димитар Ковачевски, Ан Линде, Радмила Шекеринска, Христина Спасовска, Дамијан Ѓинкури, Драгана Ракиќ, Марко Михаилоски, Јонас Андерсон, Рене Шле, Перо Костадинов, Зоран Пауновиќ, Ксенија Остриж, Катерина Марку, се само дел од имињата кои дадоа придонес во размената на идеи за постигнување на одржливи решенија при надминувањето на социо-економската и енергетската криза.

Од многубројните панелисти на второто издание можевме да чуеме дека во последните десет години, светската агенда за енергетска транзиција стана уште позначајна со развојот на различните нови технологии за производство на енергија и намалување на цените на фотоволтаиците, и покрај тоа што загадувањето на стаклената градина беше евидентно многу години претходно. Се зборуваше и за еден од шесте приоритети на Европската комисија – Европскиот зелен договор, со многу сериозни енергетски и климатски цели за декарбонизација на енергетскиот систем на ЕУ, а во исто време зголемување на енергетската безбедност и стабилност на интегрираниот енергетски пазар. Чувме дека земјите членки на ЕУ треба да воспостават сопствен 10-годишен национален план за енергија и клима во пет области: зголемување на енергетската ефикасност, искористување на обновливите извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови, подобри меѓусебни врски и поддршка на истражувањето и иновациите. Сите активности што треба да се преземат во тие пет области мора да бидат насочени кон имплементација на нови технологии за производство и складирање енергија, дигитализација на сите сектори и образование. (проф. Христовска)

Се анализираше и состојбата со кризата во регионот, па така беше потенцирано дека сите земји освен Босна и Херцеговина и Хрватска се увозно зависни на електрична енергија и тоа некаде од 17% на годишно ниво, до 73% на годишно ниво. Сите произведуваат електрична енергија од стари капацитети коишто капацитети се на лигнид, што значи дека тука за екологија не можеме да зборуваме и што единствен пристап имаат до руски гас. И тоа се сите проблеми коишто ги имаме на маса. Од друга страна, мора да се обезбеди електрична енергија за функционирање на економијата, за функционирање на граѓаните, таа да биде по цена којашто може да ја поднесат и граѓаните и економијата, бидејќи ако имате цена којашто не можат да ја поднесат нема да можат да ги платат своите сметки. Неплатени сметки во исто време значат неликвидност на елекроенергетскиот сектор и недостаток на електрична енергија. Третата работа во услови на криза секогаш е добро да се инвестира и да се искористи како можност за трансформација. Тоа се основите на кои се градат политиките, јас би рекол на сите држави во овој регион, и не само на една држава Северна Македонија. (Ковачевски)

Беа испратени и политички пораки од некои од говорниците: Минатата недела во Белград се одржа Конференција за обновливи извори на енергија – за жал Косово не беше поканета на оваа конференција. Неколку недели претходно вицепремиерот Бислими беше поканет на Белградската безбедносна конференција – но за жал мораше да се врати во Косово бидејќи српските власти не му дозволија да влезе во Белград. Од друга страна, на трети ноември, шест земји од Западен Балкан потпишаа три договори за време на Самитот на Берлинскиот процес. Можеби ви е јасно зошто се сомневам во каква било иницијатива што не е предводена и координирана од ЕУ. (Курти)

При дискусија на темата за прашањето за родовата перспектива на општествено-праведната енергетска трансформација токму од еминентни носителки на одлуки беше испратена гласна порака: Верувам дека ова е област за која мажите и жените треба повеќе да разговараат и да побараат овој огромен инструмент за закрепнување да им биде достапен на земјите од регионот. Жените не можат лесно да ги надминат предизвиците во новата зелена транзиција доколку продолжат да бидат запоставувани и да бидат преоптоварени со домашна работа. Секое истражување покажа дека земјите кои имаат повеќе жени кои се занимаваат со мировни политики, се подобри. Колку повеќе жените се застапени на високите нивоа во извршната власт, толку подобри и поамбициозни се декларираните програми за промени. За жал, дури и на централно ниво гледаме многу ограничено учество на жените. Има огромен јаз и мислам дека треба да направиме се’ да го намалиме тој јаз, бидејќи без застапеност на женските грижи и решавањето на женскиот проблем, женскиот дел од општествената транзиција ќе биде невидлив, изгубен и нашиот родов јаз ќе биде уште поголем. (Шекеринска)

Во однос на социо-еколошката трансформација и политичкото инвестирање со цел реализација на долгорочните стратегии во контекст на климатските промени поранешниот претседател на Европскиот Парламент кажа дека потребна ни е долгорочна стратегија, но потребни ни се и краткорочни решенија за граѓаните, за нашите гласачи; ова се тие контрадикторни ситуации кои претставуваат предизвик за лево ориентираните партии. Богатите луѓе може да купат се, можат да купат енергија, па затоа нула или -5 степени за нив не е проблем, тие ќе имаат стоплени куќи. Меѓутоа, обичните граѓани, студентите, пензионерите со нула приходи не можат да си ги згреат домовите, буквално смрзнување. Да ги мобилизираме неопходните парични средства, затоа што ако не ги обезбедиме тие луѓе и не им овозможиме да ги надминат тие проблеми ќе ја изгубиме поддршката од луѓето кои ни се итно потребни за стратегиите. (Шулц)

Од младите лидери кои зедоа активно учество и на овој втор Социо-еколошки форум чувме дека добро е што младите се вклучени во сите важни процеси, не само за сегашноста, туку и за иднината, затоа што иднината е одговорност на нас младите генерации, кои треба постојано да ги потсетуваме постарите генерации за нивните обврски и одговорност, имајќи предвид дека тие се тука со нас, а товарот на иднината ни припаѓа на сите нас, особено што генерациите пред нас учествуваа во создавањето на овој свет. Светот се соочува со една од најголемите економско-политички кризи од Втората светска војна. Тоа се манифестира во политичка нестабилност и неизвесност, војна во Европа на само 1000 километри од тука, руска агресија против Украина, а ние како млади лидери мораме да ја искористиме секоја прилика што ја имаме за да укажеме на лошите одлуки донесени од светските лидери. Оценките на сите се дека оваа криза ќе трае, нема да биде брз спринт кон нов економски раст, тоа ќе биде долгорочен економски маратон кон нов економски модел на развој и благосостојба. (Михаилоски)

Три клучни пораки кои беа понудени на Форумот: Прво, потребата за социјално-еколошка трансформација не е намалена, но нејзината безбедносна димензија ја зголеми нејзината итност.
Оваа година јасно покажа дека зависноста од фосилни извори на енергија е ранливост. Оние општества кои напредувале понатаму во однос на обновливите извори на енергија се поотпорни и можат да ги обезбедат своите граѓани. Второ, ни треба план за тоа како да се справиме со климатските промени на социјално-праведен начин во ова време на кризи, овде во регионот како и сегде во светот. Трето, политичките програми се клучни, во овој постојан начин на краткорочно одлучување да не губиме трага за нашите долгорочни цели. (Шле)

Ајде да разговараме денес како социјалната, еколошка трансформација може да послужи како инспирација за подобро утре, втемелена во потребите на граѓаните денес. Со ваши размислувања, идеи, иницијативи и сугестии се гледаме на третиот Социо-еколошки форум, следната година во Скопје!

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
УЖАС ВО БИХ: Во БиХ момче било силувано од врсници поради предизвик на ТикТок?

Во приватна зграда во Грачаница, во областа на Тузланскиот кантон, неколку момчиња наводно силувале свои врсници. Овој страшен случај бил пријавен и во полиција. – Во врска со вашето барање, ве известуваме дека службениците на Полициското одделение на МУП ТК, во соработка со Обвинителството на кантонот Тузла, ги преземаат потребните... Прочитај повеќе...

Сите што беа денеска во Германија ја добија истата порака на мобилен во 11 часот – еве за што се работи

Во рамките на националниот ден на предупредување, денеска, 8 декември, точно во 11 часот во Германија се огласија сирените, а жителите предупредуваа добиваа преку своите мобилни телефони. Станува збор за тоа како федералната влада, државите, општините и окрузите ги тестираа уредите за предупредување за катастрофи во четвртокот. Жителите на Германија... Прочитај повеќе...

ВЕЧЕРВА ТЕНЗИИ ВО КОСОВО: Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва од југ влегоа во северна Косовска Митровица

Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва од југ влегоа во северна Косовска Митровица. Косовската полициска служба во Приштина соопшти дека полициски службеници биле распоредени на приодите кон северниот дел на Косовска Митровица и дека немало никакви инциденти. Косовскиот онлајн портал наведува дека специјалните... Прочитај повеќе...

УТРЕ Е СВЕТИ ЃОРЃИЈА- ЗАШТИТНИК НА ВЕРАТА: За многу години слава и именден

Православните верници утре го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан... Прочитај повеќе...

Големо апсење вечерва во Скопје: Падна познат криминалец осуден на 15 години затвор

Денеска (08.12.2022) во 17.20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 и член 242 од Кривичниот законик, а бил баран по... Прочитај повеќе...

За многу години слава и именден: Утре е Свети Ѓоргија

На утрешен ден верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли... Прочитај повеќе...

Фрчат казни од полицијата за несовесните возачи: Напишани 863 глоби за несовесни возачи кои брзо возат

Денеска (08.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 863 возачи. Од нив 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното,... Прочитај повеќе...

Големо апсење предмалку во Скопје – Падна познат криминалец осуден на 15 години затвор

Вечерва во 17.20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето со иницијали Е.Л.(31) од Скопје, соопшти полицијата. Уапсениот бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 и член 242 од Кривичниот законик,... Прочитај повеќе...

Киднапирана 21-годишна девојка од скопјанец

Рано утрово во 1 часот и 30 минути во полициската станица во Матејче, шеесет годишник од кумановското село пријавил дека на 7.12.2022 нешто по 21 часот и 30 минути, додека бил во куќата со сопругата и нивната 21 годишна ќерка во домот упаднал неговиот поранешен зет. Се работи за лице... Прочитај повеќе...

Кумановчанец заработи кривична пријава затоа што не ги почитувал мерките за време на епидемијата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против маж од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавената, за време на епидемија на заразна болест прогласена на територијата на Република Северна Македонија, постапила спротивно на одлуката за превентивни препораки, времени мерки... Прочитај повеќе...

Падна одлука: Ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 % во однос на одлуката од 5.12.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините […] The post Падна одлука: Ново поевтинување на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12:20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел. Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот. Вкупниот капацитет за […] The post ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочува дека уште во април 2022 година ги има информирано Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција во врска со добиени информации, кои будат сомнеж дека одреден број потрошувачи на електрична енергија не го исполнуваат условот да бидат […] The post РКЕ: Пред осум месеци побаравме да се испита дали има злоупотреба кај правните субјекти за потрошувачката на струја appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда). Трудовите […] The post Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за  справување со климатски промени

Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на Предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции. Добитници се: проектот […] The post ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy