Глуво бебе за првпат ја слушнало мајка си: Преубав момент кој не може да се опише со зборови

Една од најубавите работи кај децата е нивната искреност. Кај возрасните таа особина ретко може да се најде.

Децата се поинакви, искрени се, а од нивното срце зрачи посебна љубов.

Чарли е родена на 2 август 2017 година. Кратко по раѓањето, мајката на Чарли, Кристи Каен, и нејзиниот сопруг забележале дека нивната ќерка е родена глува.

Пред некое време побарале слушен апарат, кој го добиле, а Кристи неодамна споделила видео од девојчето Чарли кое по првпат го слуша мајчниот глас.

Кристи напишала дека не била сигурна дали Чарли воопшто ќе биде во можност да слуша кога лекарите и го вклучиле слушниот апарат. Тоа бил „чудесен момент“ .

„Ова беше неверојатно, не можам да го опишам со зборови“, напишала Кристи.

Се очекува Чарли наскоро да оди на операција за вградување на слушен имплант. Дотогаш, ќе продолжиме да го гледаме ова прекрасно видео.

CHARLY HEARS FOR THE FIRST TIME AND HEARS ME SAY I LOVE YOU FOR THE FIRST TIME!!! (Watch til the end)And she’s holding back happy tears and emotional as her mama. 😭😭😭 We had our miracle moment that I have been praying for when Char got her hearing aids today. We didn’t think she would hear anything so this was more incredible than I can put in to words. Her journey to implants and language development is off to an amazing start! #charlyshearingjourney #hearingaids #profoundhearingloss #deaf #babyhearsforthefirsttime #firsttimehearing #cochlear #2monthsold * Jukin Media Verified * Find this video and others like it by visiting https://www.jukinmedia.com/licensing/view/973436 For licensing / permission to use, please email licensing(at)jukinmedia(dot)com.

A post shared by Christy Keane (@theblushingbluebird) on