Го каснала змија додека берел шумски плодови

Во Груде, БиХ, забележан е првиот случај на каснување од змија оваа година.

Како што јавија локалните портали, неименуван маж од оваа општина бил каснат од опасна змија шарка додека берел шумски плодови.

Мажот после каснувањето сам се јавил во Здравствениот дом во Груде, каде примил терапија, по што бил упатен во СКБ Мостар на инфектологија.

На Клиниката за инфективни болести на мажот му дале специфична терапија, а бидејќи неговото општо здравје било добро, бил пуштен на домашно лекување.

Првите сончеви денови ги измамија змиите од своите засолништа, поради што се предупредуваат луѓето кои престојуваат во природа повеќе да внимаваат.