Градење на одговорен здравствен систем: АмЧам Конференција за Здравство фокусирана на пристапот до лекови и податоци

Денеска во Скопје се одржува конференција за Здравство, насловена како „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“, организирана од страна на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам). На неа свое учество зедоа релевантни креатори на јавните политики, домашни и меѓународни експерти, претставници од корпоративниот сектор, чинители од невладиниот сектор, како и стручни лица од академската заедница.

Во своето воведно обраќање, претседателката на Комитетот за Здравствена заштита при АмЧам и Генерален директор на Рош, г-ѓа Александра Ивановска, повика на неодложно приоретизирање на здравствената агенда и одржливо проектирање на целокупниот развој на домашниот здравствен систем кој мора да обезбеди еднаков пристап до достапни, квалитетни и модерни здравствени услуги за сите граѓани. Таа ја акцентираше потребата за подобрување на пристапот до лекови, дигитализацијата и искористувањето на податоците во креирањето на здравствените политики, посочувајќи ги како неопходни чекори во изградбата на здравствен систем кој може ефективно да се прилагоди кон предизвиците на иднината и еволуирачките потреби на граѓаните.

Главното предавање на конференцијата го имаше светски познатиот здравствен експерт и консултант Боги Елијасон, директор за здравство при Институтот за Футуристички Студии од Копенхаген. Елијасон понуди осврт врз развојот на одржливи здравствени системи во иднината, со фокус на унапредувањето на превентивната здравствена заштита со цел да се намали бројот на хронични болести кај населението. На тој начин, според Елијасон, здравствената заштита треба да биде инвестиција, а не трошок за државите. Тој смета дека таквиот напредок може да се постигне со користење на знаење, иновации и технологии. Тоа всушност ни го овозможува т.н. „четврта индустриска револуција“, која што вклучува нови знаења во биологијата, ефикасна примена на податоците и дигиталното поврзување, генерирањето на напредна графичка презентација и анализа на интегрирани податоци, како и примената на нови паметни и нано материјали.

По него следуваше Марцин Чех, професор и раководител на Катедрата за фармакоекономија при Институтот за мајка и дете во Варшава, кој што одржа презентација со наслов: „Пристап до лекови – регистрација и рефундација“. Чех објасни дека Северна Македонија е меѓу државите со најмали вложувања во здравствената заштита на граѓаните, во споредба со земјите од регионот и особено со оние во Европската Унија. Со цел надминување на таквата состојба, тој понуди пет точки за унапредување: зголемена регистрација на лекови достапни на пазарот, проширување на позитивната листа, воведување на условни буџети за болниците за достапност до иновативни лекови, имплементирање на програми за иновативни лекови за ретки болести, како и поголема транспарентност при собирањето и анализата на податоците за резултатите од лекувањето на пациентите.

Презентацијата на Чех послужи како одличен вовед во панелот „Пристап до лекови – основен елемент на здравственото право“, модериран од Валентина Митрова од Асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови ФАРМАБРЕНД НОВА, во кој свое учество зедоа: Министерот за здравство, г-дин Фатмир Меџити, директорката на Фондот за здравство, г-ѓа Магдалена Филиповска Грашкоска, советничката за здравство при Владата на РСМ, г-ѓа Ана Данева Маркова, заменик-директорот на МАЛМЕД, г-дин Роберт Беќировски, како и г-ѓа Весна Попова од фармацевтската компанија Зегин. Тие се осврнаа на процесот на отворање на позитивната листа на лекови и дизајнирањето на државните здравствени политики, зборувајќи за напорите кои се прават сѐ со цел да се регистрираат поголем број на молекули. Истовремено беше разговарано и за финансиските проекции и буџетските импликации од ставањето на нови лекови на позитивната листа.

Во вториот дел на конференцијата се дискутираше за потребата од релеватни и прецизни податоци кои можат да се користат во проектирањето на здравствените политики и идентификувањето на просторот каде се потребни нови развојни реформи.

Најпрво, г-дин Марк Бојд од Open Data Institute, се осврна врз важноста од секундарната употреба на здравствените податоци, истакнувајќи ја нивната улога во оптимизацијата на здравствениот систем, следење на третманите на пациентите, намалувањето на трошоците и поттикнувањето на медицинските иновации. По неговата презентација следеше панелот „Искористувањето на податоците во креирањето на здравствените политики“, каде дискутираа Жаклина Чагаровска (Министерство за здравство), Милана Труцл (Европски форум на пациенти), Лорен Силвер Волос (Универзитет Охајо) и Ристе Јуруковкси (Варус).

Панелистите зборуваа за важноста од дополнително искористување на податоците од електронските системи како што се „Мој термин“ и „Мое здравје“ во намерите да креираме здравствен систем кој што во фокусот на своето функционирање ќе го има пациентот. Учесниците заеднички ја споделија пораката за потребата од агрегирани и интегрирани податоци, кои што ќе бидат транспарентно достапни пред јавноста и на увид на стручната заедница со цел дополнителни анализи и истражувања – по примерот на современите европски практики во здравството.

Во последниот панел на конференцијата, насловен „Момент на пресвртница: Здравствениот систем на Република Северна Македонија“, ќе учествуваат претставници на четирите најголеми парламентарни политички партии во државата: г-дин Беким Татеши (Алијанса за Албанците), г-дин Харис Караџенеми (ДУИ), г-дин Венко Филипче (СДСМ) и г-дин Игор Николов (ВМРО-ДПМНЕ). Панелистите со присутните и јавноста ќе ги споделат нивните размислувања и политички визии за тоа како според нив треба да изгледа здравствениот систем на државата во иднина, образложувајќи ги клучните чекори за чија имплементација ќе се залагаат тие како политички чинители.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
СДСМ: Целото општество е во тага, сочувство за семејството на Вања

-Сите сме во тага и голема болка, целото општество и сите наши граѓани тагуваат по загубата на 14 годишната Вања. СДСМ изразува сочувство до семејството, до сите роднини, пријатели, соученици, соопшти СДСМ. „Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно, целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите... Прочитај повеќе...

Спасовски: Со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење ја ставиле во гепек

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека ова е изолиран случај и дека нема врска со јавната безбедност генерално. „Вакви конструкции коишто се пласирани во јавноста, дека било грабнато во парк и однесено на друго место воопшто не соодетсвуваат со вистината. Ова е изолиран случај, инцидентен случај кој што... Прочитај повеќе...

Шефицата на француската дипломатија и порача на Кина: На светот не му треба нова криза

Шефицата на француската дипломатија Катрин Колона денеска ја повика Кина да ги намали тензиите во Јужното кинеско море и додаде дека „на светот не му треба нова криза“. Пекинг ги засили воените вежби во стратешки важниот Тајвански теснец, а кинеската крајбрежна стража беше обвинета за малтретирање филипински рибарски чамци во... Прочитај повеќе...

Бубевски: Ја убиле во паника, решиле парите да ги бараат подоцна

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање. „Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника заради тоа што јавноста била целосно ангажирана во побарувањето на детето. Едниот од... Прочитај повеќе...

Автомобил експлодира во близина на трговски центар во Белград

Утрово во близина на трговскиот центар во Бањица во Белград се случила експлозија, објави нова.рс. Засега не е познато како дошло до експлозијата, ниту дали има повредени. Случајни минувачи јавуваат дека се слушнала силна детонација, а во овој дел од градот е видлив црн чад, јавуваат српските медиуми. Прочитај повеќе...

Спасовски: Целта на грабнувањето на Вања било да се извлечат пари од мајката, за движењето на Вања дојавил член на семејството

Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференцијата во врска со двојното убиство, кажа дека лицето во бегство е убиецот на Вања Ѓорчевска, а информациите кога оди сама на училиште ги добил од нејзиниот татко. „Во координација и водство на ЈО во текот на изминатата ноќ беа пронајдени телата на двете лица. Иако завршницата не […] Прочитај повеќе...

Од 2024 година нови правила за пензионирање во Србија: Жените ќе мора да работат подолго, има два начини да го избегнат тоа

Од јануари следната година, односно за околу еден месец ќе стапат на сила новите правила за пензионирање во Србија. Така, на пример, жените ќе треба да работат два месеци подолго од годинава, а најрано ќе можат да се пензионираат на 63 години и осум месеци. Сепак, постои начин да се избегнат новите правила, но под […] Прочитај повеќе...

Цените на нафтата во светот продолжуваат да паѓаат

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за речиси два отсто бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството од страна на членките на ОПЕК и затоа што е можен натамошен пад на побарувачката поради слабоста на економијата. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 отсто – на 78,88 […] Прочитај повеќе...

Со новиот пакет мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки. По 3.000 денари секој месец. Македонските пензионеришто имаат пензии од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно односно 10.000 денари. „Оние пензионери со пензија од 16.000 до 19.000 денари добиваат […] Прочитај повеќе...

Хоророт доби ново поглавје: Медиумите пишуваат за причината за бруталното убиство на Вања (14)

Целиот регион го потресе веста дека е пронајдена мртва Вања Горчевска (14) по која Балканот трагаше, а сега се појавија нови детали од бруталното убиство. Според медиумите Вања била киднапирана со намера родителите да и платат откуп, но дека била убиена набрзо откако била киднапирана. Откако продолжила потрагата по неа, полицијата соопшти дека е пронајдено […] Прочитај повеќе...

Со новиот пакет мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки. По 3.000 денари секој месец. Македонските пензионеришто имаат пензии од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно односно 10.000 денари. „Оние пензионери со пензија од... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Цените на нафтата во светот продолжуваат да паѓаат

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за речиси два отсто бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството од страна на членките на ОПЕК и затоа што е можен натамошен пад на побарувачката поради слабоста на економијата. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Од 2024 година нови правила за пензионирање во Србија: Жените ќе мора да работат подолго, има два начини да го избегнат тоа

Од јануари следната година, односно за околу еден месец ќе стапат на сила новите правила за пензионирање во Србија. Така, на пример, жените ќе треба да работат два месеци подолго од годинава, а најрано ќе можат да се пензионираат на 63 години и осум месеци. Сепак, постои начин да се... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика во текот на утрешниот ден стандардно ќе ја утврди новата цена на горивата која ќе важи во следните 7 дена. Во моментов нафтата од типот брент се продава 79 долари за барел, што е намалување во однос на претходниот ден. Во Македонија актуелните цени се следни:... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Русија повторно е меѓу петте најдобри извозници на жито во ЕУ

По година и пол, Русија се врати меѓу првите пет извозници на жито во Европската унија, бидејќи имаше максимален обем на откуп од март минатата година. Ова се наведува во статистичките анализи на Евростат. Во септември, Европската унија нагло го зголеми увозот на руско жито за 22 отсто месечно и... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy