Грковска: Главната реформа треба да ја направиме во нас самите

За платформата #Деполaризирајсе, која е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество“, ИМА разговараше со заменик – претседателот на Владата на Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

По првиот дел на интервјуто посветен на владеењето на правото, справувањето со корупцијата и реформите во јавната администрација, во овој дел од разговорот Грковска одговара на прашања за дигитализацијата на јавните услуги и реформите во администрацијата, но и за сајбер безбедноста и дезинформациите.

Грковска: Дигитализацијата претставува општествен процес, не е политички процес
ИМА: Може ли да нѝ кажете нешто повеќе за досегашните активности на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството? До каде сме со дигитализацијата на јавните услуги, веќе одговоривте на дел од ова прашање, но исто така, би сакале да ве прашаме за проектот за воведување електронска лична карта – кога можат да очекуваат граѓаните тој да се реализира?

Грковска: Да, напоменав веќе, Националниот совет за дигитализација на општеството имаше веќе неколку седници. Најважниот документ, да кажам, што произлезе, е концептот за дигитална трансформација на општеството. И, ова е многу важен документ заради тоа што, пак ќе кажам, дигитализацијата претставува општествен процес, не е политички процес. Тоа е процес кој трае долго и со години и во поразвиени држави, а најмалку е технички процес.

Многу е поголема подготовката додека дојде до моментот да се направи решението, апликацијата која што граѓаните можат да ја користат. Тука станува збор за анализата на процесите, оптимизација на процесите, треба подобро преформулирање на улогата на одделенијата за стратешко планирање што ја имаат до сега, да не ве оптеретувам понатака. Дигитализацијата на процесите е во фокус и главно обврска на Министерство за информатичко општество и администрација. И, сакам да укажам уште еднаш, ова што досега е направено во смисла на е-влада и е-услуги, дел од граѓаните можат да го користат благодарение на акаунтите што ги имаат во Управата за јавни приходи.

Меѓутоа, за жал, и покрај тоа што 2005-та година во првата е-стратегија што ја усвоивме во парламент, рековме дека ќе воведеме електронска лична карта – тоа досега не се случи. A во суштина тоа е основната алатка за дигитална трансформација на општеството, заради тоа што само со личната карта која што има чип за електронски, за дигитален идентитет и потпис, може да има пристап до сите дигитални услуги.

YouTube player
Планот веќе го усвоивме на Влада, концепцијата е веќе подготвена заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) – ете уште еден пример за интерсекторска соработка. Го дискутиравме концептот и на потехничко ниво, заради тоа што е комплексен процес. Сите работни единици коишто се сопственици на процесите во МВР – за издавање на лични документи, значи лична карта, пасош, и возачки дозволи – се дел од овој процес, да биде јасно за каков концепт станува збор, да се расчистат сите дилеми пред да биде усвоен од страна на министерот за внатрешни работи. А паралелно, заедно со поддршка во овој процес – континуирана поддршка на САД и естонските експерти. Веќе добивме експерт, којшто би требало да ја пишува тендерската, техничката спецификација за тоа што сè би требало електронската лична карта да има, која што, според нашите планови, би требало таа апликација, тој процес би требало да биде паралелен со софтверско решение за мобилна апликација, за да може да го олесни пристапот на сите граѓани до електронски услуги.

Паралелно со ова, исто еден многу важен процес што го буткаме и што е исто интерсекторска соработка – ние ја водиме работната група, јас инсистирав минатата година да го забрзаме дој процес, заради тоа што ние сè уште имаме стар Закон за архивско работење. Од една страна, ги форсираме институциите да ја користат платформата за интер-операбилност, да разменуваат дигитални документи, а од друга страна – имаме стар закон за архивирање, којшто не предвидува процедура, законска можност како да се чуваат и на кој начин се постапува со дигитални документи. И, во недостаток на таков закон, сега имаме дури успорување на администрацијата, заради тоа што без разлика што тие ќе добијат, тие мора пак да го испринтаaт, пак да го имаат во хартиена форма за да не се соочат со прекршување на законот. Интензивно работиме сега на нов закон заедно со Архив на Македонија, заедно со МИОА, и тоа очекувам прилично брзо, за можеби неколку недели, најверојатно до крајот на мај, да не прејудицирам, затоа што има празници, нели, меѓутоа – да излеземе со еден нацрт-драфт којшто би можел да се пушти во процедура и на расправа.

Грковска: Главната реформа треба да ја направиме во нас самите
ИМА: Реформите на јавната администрација долго време се тема со која што се занимаваат институциите и воопшто општеството кај нас, триесет години сме во процес на реформи. До каде сме стигнати со реформата на јавната администрација? Какви мерки за добро владеење, еве според вашата визија, треба да се преземат за да имаме јавна администрација која ќе има вистински капацитети да ги обезбеди услугите потребни за граѓаните?

Грковска: Видете, ние можеме да направиме идеални документи, Сега повторно се подготвува стратегија за реформа на јавната администрација со помош и поддршка на Европската унија. Меѓутоа, главната реформа треба да ја направиме во нас самите. Начинот на којшто пристапуваме со работата, во работењето, како се однесуваме – на крајот се сведува на интегритетот што секој од нас го има како вредносен систем при извршувањето на обврските. Можеме да направиме идеални документи, така, да усвоиме стратегии, законски решенија, сè… Меѓутоа, ако нашиот однос е сосема спротивен на тоа и не се однесуваме професионално и одговорно на нашето работно место, ние реформа нема да направиме никогаш, без разлика на одлични законски решенија и на стратешки планови.

Јас очекувам дека во овој процес на дигитална трансформација на општеството, овој процес на усвојување на модели и политики, коишто ќе не приближат со Европска унија во процесот на преговори, дека неминовно ќе доведе до промена на културата на живеење. И на културата на живеење и на културата на работење. Тоа нема да биде лесно, не е тоа процес којшто може да се случи преку ноќ, меѓутоа тоа е процес што ги заслужува сите напори, затоа што, едноставно, ќе ни обезбеди подобро општество.

YouTube player
Грковска: Против дезинформациите – со поголема транспарентност, свесност, медиумска писменост и сајбер-безбедност
ИМА: Актуелен е проблемот, предизвикот што го има нашето општество со дезинформациите. Политиките на транспарентност се секако првичните или важните политики со коишто институциите треба да одговорат, за да овозможат поголем опфат на вистински информации кои допираат до граѓаните и коишто би можеле да ги спречат, или делумно да ги спречат дезинформациите.

Некои од институциите имаат веќе и стратегии, некаде се спроведуваат мерки за борба против дезинформациите. Но ова прашање, коешто е безбедносен проблем има сериозна рефлексија врз општеството. Што презема владата поконкретно, бидејќи граѓаните имаат впечаток, некако, како дезинформациите се повеќе да доминираат во јавноста? Од друга страна, има и критики во однос на транспарентноста на дел од институциите. Како планирате да се борите поактивно со дезинформациите?

Грковска: Се согласувам дека дезинформациите се сериозен проблем и дека во еден момент стануваат и безбедносен проблем. Во новите геополитички случувања, агресијата на Русија кон Украина и она што се случува врзано за тоа во Европа, само го зголеми уште повеќе алертот, да се има сериозен пристап кон тоа како да се одбраниме од дезинформации.

Тука прво свесноста е многу важна на граѓаните, дека треба да ја проверат информацијата. Затоа, на тоа што сме сведоци – е дека многу прелесно ги прифаќаме информациите кои што ќе ги прочитаме на социјалните медиуми, без при тоа да провериме дали е вистина, дали навистина се случувало и така натаму, особено што е сега многу полесно во интернет светот, многу брзо да пронајдете и да ја проверите веродостојноста на одредена информација.

Транспарентноста е еден од главните, исто така, механизми. Упатството што го направиме, со кое што институциите се задолжени да ги објавуваат тие информации кои што се наведени согласно Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, е само преоден период, којшто ќе ги навикне и би требало да ги навикне институциите на проактивна транспарентност.

Крајната цел во оваа фаза на дигитална трансформација на општеството, којa што значително ќе влијае и на намалување на дезинформациите, е комплетна отвореност на институциите. Затоа што институциите треба да сфатат дека податоците и документите коишто ги продуцираат и што ги имаат им припаѓаат на граѓаните а не на институциите, и тие треба да бидат јавни, да бидат објавувани во формат којшто може да биде корисен за граѓаните. Меѓутоа, се разбира, не оние кои што се класифицирани информации и, на начин на којшто ќе се заштитат личните податоци на граѓаните. Се разбира дека е тоа процес.

YouTube player
Во меѓувреме, ние треба да влијаеме на медиумската писменост, за да ја зголемиме свесноста за начинот на кој што треба да се пристапува кон одредена информација и како и на каков начин да се провери пред да се објави. Се надевам дека еден од последните случаи што ги имавме и на коишто реагираше МВР, може да биде поука за оние што прелесно споделуваат информации. Меѓутоа, не е поентата некој да биде повикан на разговор, за потоа да сфати колкава штета и колкава грешка направил, потребно е свесноста да биде на зголемено ниво, пред да се одлучи на таков чекор.

Тука, исто така, е многу важен делот за сајбер-безбедноста. Морам да го кажам тоа, затоа што е тоа исто едно сериозно прашање, кое што влијае и на дезинформациите, влијае и на безбедноста. Влијае на тоа, исто како и дезинформациите – да влезат, да предизвикаат несигурност во општеството и недоверба во институциите. И, тука ставам буквално знак на равенство меѓу дезинформациите и сајбер-безбедноста, заради тоа што сметам дека се многу поврзани едно со друго, затоа што се злоупотребуваат и се користат на сите можни начини.

Ние дадовме обврска – затоа што сметам дека институциите треба многу поактивни да бидат во овој дел – изминатава година, неколку пати сме имале и активности и настани, и обуки сме правеле и за вработени во министерствата и на потехничко ниво, и за шефовите во кабинети – за да ја зголемиме свесноста за тоа колку е важно да се фокусираат на сајбер-безбедноста и колку е важно да има стандардизација. Ние немаме стандарди, тоа е еден од главните проблеми. И, тоа што се обидувам и изминатата година да влијаам на институциите, дадовме и за тоа информација – да укажеме дека би требало да се поврзат и да соработуваат со Институтот за стандардизација, заради тоа што тие стандарди се направени за да може да имаме поеднаков и уедначен пристап за различни сегменти.

Еден дел од институциите се одлични во имплементација на стандардите, меѓутоа, има еден дел којшто е навистина многу позади. Се надевам дека плановите за формирање на агенција за дигитализација, за тоа што подолго време се разговара… меѓутоа, сега сме фокусирани на интензивирање на законското решение – ќе имаат прилично голема улога во овој сегмент, кога станува збор за дигитализација и за сајбер-безбедност, затоа што тоа оди паралелно едно со друго, затоа што ние со дигитализација на процесите мора да обезбедиме доверба кај граѓаните дека ќе бидат заштитени во тој дигитален свет, дека нема да бидат нивните податоци злоупотребени, дали лични податоци, банковни податоци и така натаму, и тоа треба да го направиме на највисоко ниво. Меѓутоа, тоа е единствено можно, ако имаме, ако се воспостави еден стандардизиран систем, не поединечно, како што е до сега.

Разговорот го водеше Петрит Сарачини на 12.04.2023 година.

Извор: ima.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Уапсен надри лекар, пронајдени пари, лекови, медицинска документација и еден предмет

На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска... Прочитај повеќе...

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На пладне е закажана вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето, кое вчера го зафати Делчево. На седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, а ќе биде донесена и одлука за формирање комисија за процена на штети по што ќе се објави и... Прочитај повеќе...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Еве каква е сликата во Делчево по силното невреме

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски објави фотографии од тоа како изгледа Делчево по вчерашната природна катастрофа. Најавена е вонредна седница на советот. Прочитај повеќе...

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На пладне е закажана вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето, кое вчера го зафати Делчево. На седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, а ќе биде донесена и одлука за формирање комисија за процена на штети по што ќе се објави и... Прочитај повеќе...

Водата во Делчево може да се пие, дефектот саниран

Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани. Градоначалникот Горан Трајковски рече дека граѓаните може да ја користат водата за пиење. Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, уништени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментот советниците... Прочитај повеќе...

Познат идентитетот на загинатата жена – Страотна сообраќајка во тунелот на делницата Гевгелија – Неготино

Денеска (09.06.2023) во 08.40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.П.П.(47) од Неготино, изгубило контрола и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.П.П. и била... Прочитај повеќе...

Трагедија: Утрово загина вработен во Макстил

Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби вработен во компанијата. Според информациите на Макстил веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.     Прочитај повеќе...

Трамп: Корумпираната администрација на Бајден ме обвини

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Трамп) вчера преку социјалните мрежи соопшти дека против него е покренато обвинение, за што неговите адвокати биле информирани од администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден (Џо Бајден). – Корумпираната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека е покренато обвинение против мене – напиша Трамп... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нема потреба од нервоза во ВМРО-ДПМНЕ затоа што го променија ставот за уставни измени, да го продолжиме дијалогот

СДСМ: Нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза затоа што променија став и прифатија уставни измени, како и учество во широка Влада за европска интеграција. Разбираме дека промената на ставот можеби дојде наеднаш, дека паднаа во вода сите изјави за францускиот предлог и за договорот. Разбираме и тоа... Прочитај повеќе...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно... Прочитај повеќе...

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута […] The post Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични […] The post Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само […] The post Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […] The post Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат […] The post Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy