Гробишта на дизелаши: 300.000 возила ја чекаат својата судбина – еве што ќе прават со нив (Видео)

Речиси 300.000 Фоклсваген дизелаши стојат на импровизирани депонии ширум Америка.

Фолксваген на откуп на своите дизел возила во Америка потрошил околу 7,4 милијарди долари и притоа од 400.000 откупил околу 350.000 возила.

Моментално се згрижени околу 300.000 возила, и тоа на 37 места во Америка.

Според зборовите на портпаролите на Фолскваген, автомобилите одговорно се складираат, а откако американските власти ќе ги одобрат модификациите, Фолксваген ќе ги обработи истите и ќе ги врати автомобилите на пазарот.

Фолксваген се согласил на трошоците за „Дизелгејт“ аферата од 25 милијарди долари во чии рамки треба да откупи речиси половина милион возила.

Откупот ќе трае до крајот на идната година.

Фолксваген до крајот на минатата година откупил 335.000 автомобили, од кои 13.000 се препродадени, а 28.000 се уништени. Останатите 294.000 се наоѓаат на депонии како оваа во видео прилогот.

Гробишта на дизелаши: 300.000 возила ја чекаат својата судбина – еве што ќе прават со нив (Видео)