Хитлер имал тајно оружје? Прстените на Рајхот остануваат мистерија

Тајните на Третиот Рајх и денес се предмет на истражувачите, историчарите, воените експерти…. необичните градби, дела на нацистите од Втората светска војна во близина на руското село Линакхамар кај Баренцово море, и денес претставуваат мистерија.

Станува збор за таинствени бетонски прстени, таканаречени прстени на Третиот Рајх. Од завршувањето на војната, тие се предмет на теоритичарите на заговори. Сè доби на важност, откако Советската војска го ограничи пристапот по војната, па тешко е да се пристапи до нив.

Локалните жители, а посебно заговорниците, тврдат дека во објектите се тестирало нацистичко супероружје. Има и теории дека овие прстени се користеле како рампа за лансирање на нацистичките НЛО, односно летачки чинии кои наводно користеле антигравитациски уреди. Се наведува дека во сопственост на оружјето по војната, дошле САД и СССР.

Од друга страна, поединци наведуваат дека станува збор за супер летала, таканаречени „ѕвона“. Станува збор за објект во облик на ѕвоно, кој Германците го развивале во Полска. Тајниот проект на развој, прекинат е дури кога на нивната изработка загинале 60 научници. Летачкиот објект добил кодирано име Ди Глок.

Летачката чинија била висока меѓу 3,5 и 4,5 метри, со дијаметар од 2,7 метри. Сепак, за бетонските прстени се наведува дека биле топови, а не рампи за лансирање. Црвената армија веќе на 12 октомври 1942 година, го заземала споменатото подрачје и направила воена база на советската морнарица, како и пристаниште за подморници, со што се објаснува забраната за приоѓање.