И Буџетот е рамка!

И Буџетот е рамка!

ВОЈО МАНЕВСКИ

Во кампањата која ни претстои во наредните месеци ќе се наслушаме разни поими кои не се дел од нашиот секојдневен говор. За рамката што ни е доделена од ЕУ секако ќе има низа од разни толкувања и предлози. Но, тоа да го оставиме за митинзите и партиски поттикнатите аналитичари.

Во овој текст сакам да направам поврзаност со една друга рамка и за нејзината содржина да поставам неколку тези за дебата. Буџетот за идната година е донесен а тој е рамка или план за прибирања на средства во државната каса и план за нивното трошење. Се прашувам, има ли некаква поврзаност на нашиот буџет со ЕУ?

Овој буџет ќе важи до следната година. Бидејќи сите прогнози се дека Влада може да се формира најрано во втората половина на годината, ребалансот е можен дури некаде на есен и тоа само доколку нема изненадувања и проблеми околу составување на новата Влада. Овој текст го пишувам за граѓаните да имаат сознанија кога слушаат разни ветувања за брзи измени во макроекономијата и подигање на стандардот и барем приближно да знаат што е можно а што неможно и врз таа основа да препознаат кој тоа, ај да не кажам дека лаже туку – не ја кажува потполната вистина. Едно е сигурно – што и да ветуваат политичарите, во реалноста подоцна ќе мора да се држат до предвидените ставки на буџетот на државата.

Во воведниот дел на буџетот за 2024 година се ставени сите бројки и проценки за движењето на економијата за оваа година. Со проценките нека се занимаваат експертите по макро економија, овде ќе ги претставам бројките од кои може да се извлече разбирлив заклучок.

Еве од почеток. Државната каса идната година ќе изнесува во приходната страна 310,1 милијарди денари (5,03 милијарди евра), а на расходната 343,6 милијарди денари (5,5 милијарди евра). Буџетскиот дефицит е планиран со стапка од 3,4%.

Како ќе се пополнува буџетот до овој износ? Владата предвидува проширување на даночната основа а не зголемување на даноците. За да го постигне предвиденото собирање на средства ќе мора да ја интензивира борбата со сивата економија и корупцијата. Предвидениот раст може да се преполови ако не се смени вкупната атмосфера во општеството и пред сѐ ако не се подобри функционирањето на институциите на државниот апарат. Тоа е нужно за да се соберат предвидените 178,1 милијарди денари како даноци. Ако не се остварат предвидувањата за зголемување на бројот на вработените и растот на платите, предвидените 100 милијарди денари собрани од придонесите исто можат да бидат ризик за остварување на приходниот дел на буџетот.

За да се платат придонесите мора да се обезбедат средства за вработените и во реалниот сектор и за оние кои плата земаат од буџетот, но пред сѐ да се овозможи зголемување на економската моќ на компаниите да го зголемат бројот на работните места и да исплаќаат поголеми плати на вработените. Делот со платите на административците е повеќе математичка операција отколку економска категорија. Префрлувањето од џеб во џеб само условно генерира додадена вредност. Преостанатите 32 милијарди денари се од други извори на буџетот. Економистите знаат дека ако економскиот раст е премногу заснован врз потрошувачката, целата економија е изложена на удари од предвидени и непредвидени кризи кои не завист само од внатрешните состојби туку и од економските и политички движења во опкружувањето. Владата оваа состојба ја објаснила како поликризно глобално опкружување.

На што ќе се троши буџетот?

Во буџетот за 2024-та се предвидени расходи за исплата на плати на јавниот сектор во износ од 41,2 милијарди денари. Оваа сума е проектирана за плати на постојните вработени во јавниот администрација а нови вработувања може да има само врз основа на пополнување на испразнетите работни места. Потребите за пополнување на потребните работни места ќе се врши и со мобилност од разните сектори во рамките на администрацијата. Ова е многу важно да се спомене бидејќи е вообичаено во текот на кампањата политичките партии на партиските активисти да им ветуваат купишта вработувања. Но, нема да може драги пријатели! Предвидените ставки во буџетот за 2024 не го овозможуваат тоа. Растот на платите е предвидено да биде во склад со колективните договори во секторите и ништо повеќе. И да се вети некој ребаланс за таа намена, невозможно е да се одржи такво ветување.

За пензии се предвидени 83,6 милијарди денари. Нивниот раст е вклопен според законот за раст на пензиите. Здравствената заштита се зголемува за 45 милиони евра а се менува и моделот за субвенционирање на земјоделието со воведување на критериуми базирани врз остварениот принос и дополнителна поддршка за стратешки важните култури и производи.

Да не го обременувам текстот со премногу бројки, заинтересираните можат да ги погледнат и самите, бидејќи овој најважен документ за државата за оваа година е транспарентен и достапен за сите граѓани.

Интересно е што во предвидените средства и програми како дел од антикризните мерки за превенирање на можните кризи се предвидени и можности за кредитирање на економските субјекти. Ако се погледнат договорените кредитни линии за поддршка на економскиот развој, ќе се види дека сите се од европските институции или од фондовите на членките на Европа, на пример Француската Развојна Агенција. Чекај, чекај, да не заборавам да прашам, рамката за уставните измени кој ја состави ? Од кого сега бараме пари за поддршка на развојот? Сметам дека Европа не е шведска маса па да си земеш што сакаш. Што мислите вие почитувани читатели, опциите за помош, безусловни се или имаме и некои обврски? А што велите, да се откажеме од помошта од тие што не нѐ почитуваат? Или подобро не…

Капиталните инвестиции се вложување во одржување и раст на економијата на една држава. За да се остварат зацртаните цели мора да се инвестира во развојот за да се соберат средства за следната година. Буџетски дефицит е со големина од 3,4% од БДП. Да појасниме дека тој процент е од бруто домашниот производ а не од износот на усвоениот буџет. Тие средства се собираат со земање на кредити, грантови обврзници, на странски пазар или издавање на обврзница на домашен.

Домаќинското планирање вели дека тој не би требало да биде поголем од проектираниот раст на БДП. Нашиот буџетски дефицит има два дела. Едниот е за враќање на досегашните задолжувања и другиот дел за капитални инвестиции. За исплата на камати за досегашните долгови ќе се одвои 1,7% од буџетскиот дефицит. Има едно златно правило кое вели дека вкупните инвестиции мора да се поголеми од дефицитот.

За тоа се предвидени 187 милиони евра како дополнување во инвестициите над буџетскиот дефицит. Во буџетот се наведени проектите каде ќе бидат инвестирани тие средства, заедно со износите предвидени за нив и јавноста веќе е запознаена. И овде средствата ќе бидат позајмени од европските фондови а можеби и комерцијални банки (ах, пак таа Европа). Овде се појавуваат и Светската банка и ММФ со кои се склучени аранжмани. Оние што се познавачи на овие финансиски институции знаат чие е најголемото влијание при договарањето со нив. Да ја прашаме ли госпоѓа Легард или Кристалина Георгиева?

Отплатата на долгот од 45 милијарди денари ќе се финансира преку домашно и странско задолжување. Домашното задолжување е предвидено преку хартии од вредност. За оваа проблематика и местото на домашните банки на домашниот финансиски пазар и нивното влијание врз целокупниот политички живот пишував досега барем десет пати. За да се зголеми маневарскиот финансиски простор направено е репрограмирање на доспеаните долгови од странство.

Од една страна тоа е добро поради можноста да се располага со поголеми средства за капитални инвестиции, но се зголемува крајниот износ за отплата на камати. Со умешно водење на политика на движење на буџетот овде можат да се заштедат средства кои можат да се планираат за други ставки. Овде да поставам прашање за дебата. Што предвидуваат опозициските партии и каква политика предлагаат за оваа тема? Не е прикладно за говор на митинг ама е многу важно. А што велите да направиме еден поголем притисок врз банките, убаво звучи, нели? Ама само за ушите на публиката на митинг, не во реалните односи.

Листата на финансиски институции за овие финансиски аранжмани е повторно слична како и во претходните, а се појавуваат и Германски инвестициски фондови. Значи најголемиот број од нив се европските финансиски институции. И ај по трет пат – онаа рамката за која вергламе со месеци, чиј предлог беше?

Има ставки кои се однесуваат на финансирање на локалната самоуправа и според законот процентот се зголемува по двата основа – како дел од ДДВ и дел од средствата прибрани од персоналниот данок.

Не ми беше целта да ви ги набројувам ставките и структурата на буџетот туку да ви посочам дека и овој буџет е составен од она што како граѓани ќе го платиме низ даночните закони, но сѐ уште голем дел е кредит или друга позајмица од странство. Значи потребни ни се средства од надворешни извори за да ја поминеме годината и да овозможиме развој на економијата. Во најголем дел тие средства ги позајмуваме од ЕУ како заедница или од нејзините членки како поединки. Имаме средства што ги добиваме од САД по основ на стратешкиот договор или како помош, како влог во нашата ама и колективната безбедност како земја членка на НАТО. Од органите на ЕУ добивме патоказ по кој треба да се движиме на патот до полноправна членка. Ама… ако се однесуваме како да сме самодоволни и одржливи од сопствени средства, а не сме, тогаш ќе мораме да се загрижиме за сопствената искривена слика.

Мојов текст е само редење на фактите за да имаат моите сограѓани појасна слика пред надоаѓачките кампањски изјави и најави. Во економијата има едно правило кое вели дека потполн сопственик над нештата си само откако ќе ја исплатиш и последната рата од кредитот. Моите новоселци велат дека ќесето со пари има две намени. Втората е да вадиш пари од него, ама тоа не може ако не е исполнета првата – да ставаш во него. Значи буџетот, како државно ќесе, не е бркни земи си, туку план за негово полнење, па дури потоа празнење.

Имајте го ова на ум и не верувајте секому! Колку што знам, алхемичарите се сѐ уште само мит, или уште сакате да верувате во бајки? Да не испадне како приказната за госпоѓицата – а бе јас знам дека ме лаже, ама убаво ми е!

Текстот е личен став на Авторот.

Извор: Civilmedia.mk

 

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Американски историчари: Бајден е 14-ти најдобар претседател на САД, а Трамп е најлош

Последните анкети не одеа баш во корист на американскиот претседател Џо Бајден. Тој има помал рејтинг од сите претседатели до Двајт Ајзенхауер во оваа фаза од нивниот мандат, а во анкетите заостанува дури и зад поранешниот претседател Доналд Трамп, со кого најверојатно ќе има реванш на есен. Но, се појави Прочитај повеќе...

171 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон Прочитај повеќе...

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ ТЕОДОР СТРАТИЛАТ: Се верува дека ќе ве заштити од неволја ако го направите ОВА

Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода Православната црква и нејзините верници денеска на 21 јуни го слават Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век за кој пишувал и владиката Николај Велимировиќ. Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклија во моментот кога решил да Прочитај повеќе...

Недостигот на дожд предизвикува проблеми во Италија

Ќебе од смог го покрива Милано, празни цистерни се печат на Сицилија, а производството на вино во Пиемонт опаѓа бидејќи недостатокот на дожд низ Италија го влошува загадувањето и предизвикува суши. Во вторникот во Милано и во осум други градови низ Ломбардија беа забранети автомобилите со гас, откако индустрискиот регион Прочитај повеќе...

Аналитичари: Изградбата на нови станови во Европа ќе ослабне поради високите трошоци

Изградбата на нови станови во Европа нагло ќе ослаби во наредните години поради зголемените трошоци, објави германскиот институт Ифо, повикувајќи се на проекциите на мрежата на европски институти Еуроконструкт. Европа ќе добие само околу 1,5 милиони нови станбени единици до 2026 година, 13 отсто помалку отколку во 2023 година, објави Прочитај повеќе...

171 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за […] Прочитај повеќе...

Во март растат и пензиите и платите: Еве што се’ очекува на економската сцена

Оваа година ќе има ново зголемување на платите, пензиите и минималецот. Очекувањата се дека економијата ќе се развива позасилено, а се очекува да пораснат и инвестициите. Иако, се уште се присутни влијанијата на шоковите од економската и енергетската криза врз глобалните економии, во земјава навремено донесените мерки ги даваат посакуваните резултати. За оваа година сеочекува […] Прочитај повеќе...

УХМР со нови најави – Какво ќе биде времето?

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Прочитај повеќе...

Нишчанка преку весник се откажа од снаата, секој збор е полуд од претходниот

Кавгите меѓу членовите на семејството не се ништо ново во Србија, а најдрастична мерка, освен тужбата на суд, отсекогаш била откажувањето преку весниците. Ова е и закана која често се слуша од родителите кога децата не слушаат, но такво нешто ретко се остварува. Меѓутоа, една жена еднаш го направи токму тоа кога во весникот објави […] Прочитај повеќе...

Подгответе се: Еве кога почнува летното сметање на времето

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март. Летното сметање во 2024 започнува рано изутрина на 31 март во недела. И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот. Прочитај повеќе...

Индекс на страв и алчност: Биткоинот се приближува до 50.000 долари, овие 3 криптовалути забележаа најголем раст

Денеска во 15:00 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance, Биткоинот поскапе за 1,31 отсто на 48.848,19 евра во последните 24 часа. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 22,98 милијарди евра. Индексот на страв и алчност на Биткоин моментално е на 72 во категоријата... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Курсна листа за 21 февруари 2024 – Колку е доларот, а колку еврото?

Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 20.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 21.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. Според... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Приходите од Суецкиот канал се намалени за половина

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството. Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични несогласувања што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „суецкиот канал, кој... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Кина ја намали каматната стапка

Народната банка на Кина (PBoC) денеска на својата веб-страница објави дека одлучила да ја намали каматната стапка. Кина ќе ја намали каматната стапка на петгодишните заеми, која е поврзана со повеќето хипотеки, од 4,2 отсто на 3,95 отсто. Банката на Кина одлучи да ја намали оваа каматна стапка за прв... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...