И се пресекле нозете: Снимила изненадна средба со огромна отровна ѕвечарка (Видео)

Линдси Ниллсен од Џексонвил снимила видео од огромна ѕвечарка на која наишла на една ливада, додека шетала со пријателите.

Нилсен објавила видео на Фејсбук кога наишле на змијата долга околу 180 см на ливада кај местото Оаклеф на Флорида.

„Зар не е убава“, напишала Нилсен.

Рекла дека таа и нејзините пријатели не ја повредиле змијата, која отползила во тревата.

„Тоа е голема змија“, се слуша машки глас во позадина.