Имала 24 килограми и јадела само 100 калории дневно (Видео)

Стефани како малечка била дебелка, поради што била изложена на секојдневно малтретирање во школо.

Тогаш цврсто одлучила да биде слаба, без оглед на сè. За жал, избрала да се откаже од храната, а сè што морала да изеде брзо го повраќала.

Нејзината борба со анорексијата започнала на само 13 години.

– Можам да преживеам со 100 калории дневно, а потоа да вежбам и по 10 часа, рекла Стефани во емисијата „Доктори“, каде ја довела нејзината очајна сестра Жанет.

Имено, Стефани, која денес има 29 години, веќе 16 била во вистинскиот пекол на анорексијата.

– Досега успеав да преживеам, но никогаш не сум живеела. Моето пореметување во исхраната е единствената врска кој ја имам – се отворила несреќната девојка, која неколку пати безуспешно била на лечење.

Во најлошата фаза имала само 24 килограми и изгледала како жив леш.

Неизбежно со анорексијата Стефани боледува и од депресија, но сепак додава дека некаде длабоко во себе има трошка надеж дека можно е опоравување.