ИНТЕРВЈУ – Љупчо Николовски: Субвенции за вистински земјоделци, исплата навремена, отворен повик за грант од 10 000 евра во текот на цела година

Новиот модел за субвенционирање, можностите кои ги нуди, очекуваните резултати и ИПАРД 3 програмата, се прашањата на кои одговор побаравме од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Љупчо Николовски.

Новиот модел на субвенционирање го најавувате како реформа во секторот или одговор на критиките од земјоделците и јавноста за немање позитивен ефект од поделбата на буџетските средства наменети за земјоделците и земјоделското производство?
-Реакциите и критиките за досегашниот систем на субвенционирањето доаѓаа од сите страни. При теренските средби со земјоделците, тие се жалеа на задоцнета исплата, земјоделците чија основна дејност им е земјоделството се жалеа дека немаат никаква предност во искористување на поддршката пред другите граѓани, кои исто се занимаваат со земјоделство. Реагираа и граѓаните кои не се вклучени директно во секторот земјоделство, но со своето работење придонесуваат во реализација на приходите во буџетот на државата, велејќи дека многу пари одат во земјоделството, а ефектите се мали. Во таа насока ние како Министерство заедно со Платежната агенција и со стручната јавност започнавме една сеопфатна анализа на досегашниот модел, барајќи решенија за сите досегашни слабости кои досегашниот систем за субвенционирање ги има. Постојниот модел за субвенционирање не ги даде очекуваните резултати, а тоа е така затоа што кога е правен досегашниот систем за субвенционирање повеќе гледале на онаа популистичка страна. Милионски суми од буџетот се издвојуваат за субвенции и поддршка на секоја одделна култура, а резултатите споредено со поддршката се незначителни. Токму затоа храбро се одлучивме да започнеме со реализација на досега најголемата земјоделска реформа, преку подготовка на нов модел за субвенционирање. Наша цел е земјоделците да го произведуваат она што ѝ е најпотребно на државата, за задоволување на домашните потреби со храна, а не да произведуваат она за што има најмногу субвенции. Мораме да сме одговорни пред сите граѓани, особено во вакви сериозни моменти кога се наоѓаме во светска криза. Средствата од буџетот што се одвојуваат за земјоделството мора да имаат развојна компонента, мора да прикажат видливи резултати, односно да имаме поголемо домашно производство на храна, кое ќе ги задоволува сопствените потреби и ќе ја намали увозната зависност. Само на овој начин можеме да ја оправдаме довербата на сите граѓани.

Што е новото во овој начин на субвенционирање? Кажете ни ги главните промени?
-Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов т.н. decoupling систем, каде што земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство. Новиот модел за субвенционирање кој го предлагаме не ја крати досегашната поддршка што ја добивале земјоделците, туку истата се прераспределува во повеќе програми за поддршка. Сите чинители ги ставаме во еден поорганизиран систем, каде што ќе имаме можност и за зголемена контрола, а на тој начин ја намалуваме можноста за злоупотреби и сивата економија. Новиот предлог модел нуди решенија за сите слабости кои ги имаше досегашнот модел, исплатата кон земјоделците ќе биде побрза и навремена. Предложениот модел гарантира подобри резултати и гарантира поголемо производство на домашна храна. Убеден сум дека очекуваните резултати ќе ги постигнеме, бидејќи овој предлог модел го креираме заедно со земјоделците, со нивна директна вклученост во целиот процес, од Агро Советот, потоа преку потсекторските групи, многу теренски средби и разговори, сè со цел заедно да создадеме нов финален модел за субвенционирање прифатлив од сите земјоделци. Со новиот предлог модел што го предлагаме, сите земјоделци добиваат основна субвенција наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба и оваа основна субвенција би ја добивале авансно, веднаш по аплицирањето доколку ги исполнуваат минимум пропишаните услови. Дополнителна субвенција добиваат оние земјоделци кои произведуваат значајни култури или производи, односно земјиштето го обработуваат, остварат принос и целото производство го предадат во регистрирани домашни капацитети. Велиме дека целото домашно производство треба да заврши во домашни капацитети, така е одговорно и чесно кон сите граѓани, бидејќи поддршката која ја даваме кон земјоделците е од буџетот на граѓаните. Истовремено како што велиме дека целото производство ќе треба да биде предадено во домашните капацитети, велиме и дека истите тие капацитети сега ќе треба пореално да ја вреднуваат земјоделската мака и трошоците кои земјоделците ги имаат, давајќи реални и прифатливи откупни цени. Секој земјоделец кој произведува значајни култури и производи, а своето земјоделско производство го користи за сопствени потреби во производство на финален производ, исто така ќе има можност да ја добие дополнителната субвенција. Контролата ќе биде поголема и точно ќе може да знаеме кое земјоделско земјиште е обработено.

Она што е ново кај сточарското производство пак, е што со новиот модел предлагаме субвенционирање само на репродуктивни грла добиток постари од 1 година каде што до 100 проценти ги зголемуваме субвенциите. Исто така кај сточарството предвидуваме систем за побрза исплата на произведеното и предадено млеко кај регистрираните производствени капацитети, каде планираме истата да се врши еднаш месечно. Сега со новиот предлог модел приоритет даваме на важните култури и производи за државата, каде што финансиската поддршка е зголемена, односно го поддржуваме повеќе она што пазарот го бара. На овој начин создаваме еден стратешки пристап што ќе го поттикне економскиот раст на државата, ќе ја намали увозната зависност од стратешки производи и ќе ја зголеми продуктивноста.

Кон сите земјоделци останува поддршката и за зелена нафта, која оваа година е до 50%, а преку направените законски измени овозможивме да достигне и до 100%.

Нови мерки се предвидени и во програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициона програма и каде предност во мерките даваме на оние земјоделци чија основна дејсност е токму земјоделството. Бизнис план во земјоделството, советодавните услуги и смарт земјоделство, се само дел од новите мерки кои се предвидени во програмата за рурален развој.

За прв пат креираме и неколку нови програми за поддршка на земјоделците. Програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи ќе го помогне откупот на домашните земјоделски производи, а ќе обезбеди здрава ужинка за учениците од основните училишта. Оваа година веќе започнавме со реализација на оваа програма и веќе е распишана постапката за откуп на нашите убави македонски јаболка, кои ќе бидат дистрибуирани до 350 основни училишта за 186.000 ученици.

Ја продолжуваме и поддршката кон малите семејни винарии преку посебна програма за финасисрање на малите производители на вино, каде обезбедуваме грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство на вино. Исто така нова програма креираме за поддршка на малите производители на храна, со грант до 10.000 евра наменет за набавка на опрема за производство и директна продажба, сакаме во наредниот период да поттикнеме развој на нови 2000 мали семејни бизниси кој ќе се регистираат во АХВ, произведувајќи нови традиционални брендови. Поддршка обезбедивме и за формирање на задруги, за да можеме да ги поттикнеме земјоделците да се здружат и да бидат поконкурентни на пазарите. Преку оваа програма предвидуваме поддршка од 3 милиони денари за веќе постојните задруги и 1.500.000 денари за новоформираните задруги.
Целиот овој нов модел има една цел, да обезбеди стабилно и зголемено домашно производство на храна. Долгорочна обезбеденост на државата со храна пред сè од сопствено производство, намалување на увозната зависност, а да го зголемиме извозот на домашни значајни култури и производи.

Според досегашните реакции на земјоделците, мислењата се поделени. Едни велат дека овој начин им одговара на големите производители и на откупувачите, други дека конечно ќе се стави ред и ќе се субвенционира она што ни е потребно како држава?

-Целиот процес за креирање на новиот модел го водиме отворено и транспарентно со директно вклучување на сите земјоделци. Сакаме да креираме финален предлог прифатлив и одобрен од сите земјоделци. Поддршка за предложениот модел добивме од Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството формирано од Владата, потоа детално од сите подсекторски групи беше разгледуван предложениот модел, а сите забелешки и предлози дадени од подсекторските групи се разгледани и вградени во предложениот модел. Остануваат отворени уште неколку прашања со подсекторските групи за пчеларство и органско производство, кои заеднички ги усогласуваме овој период. Поддршка добиваме и од земјоделците при теренските посети кои ги спроведуваме за презентација на новиот предлог модел. Реакциите што доаѓаат од земјоделците, а се поврзани со новиот модел, се поради недоволна информираност за предложените измени со новиот модел, но откако директно пред нив ги разјаснуваме дилемите што ги имаат, ја добиваме и од нив поддршката за предложениот нов модел за субвенционирање. Сепак мислам дека не постои ниту еден функционер или институција, која може за одредена реформа да добие 100% поддршка, но она што го очекуваме е поширока прифатеност за новиот предложен модел и убеден сум дека ќе ја добиеме, бидејќи заеднички работиме во креирањето на новиот модел за субвенционирање. При подготовката ние како министерство се водевме врз основа на анализи, бројки и статистики, ги слушавме мислењата на стручната јавност и сите досегашни изнесени слабости на постојниот систем за субвенционирање од страна на земјоделците.
Новиот предложен модел дава поголема поддршка на сите земјоделци, а главниот фокус го ставаме на вистинскиот земјоделец, чија основна дејност му е токму земјоделството. Ги издвојуваме значајните производи и култури за државата, каде поддршката ќе биде поголема, системски сите чинители ги поврзуваме во еден поефикасен и поконтролиран систем за субвенционирање.
Дека овој модел кој го предлагаме ќе даде резултат, може да потврдат неколкуте пилот мерки што ги донесовме за да го провериме планираниот нов концепт за субвенционирање. Па така оваа година тоа го направивме со сончогледот, поврзувајќи ја исплатата на субвенциите со предавање во домашни капацитети на производството и со остварен принос. Резултатите беа многу подобри од очекувањето, имаме повеќе од двојно зголемено производство на сончоглед, кое во целост беше откупено и заврши во домашните капацитети. Овие успешни податоци ми даваат за право да очекувам дека целиот предлог модел успешно ќе функционира и ќе ги даде очекуваните резултати. Ниту еден земјоделец не треба да стравува од овој предлог, напротив, новиот предложен модел обезбедува поголема и побрза поддршка за секој земјоделец и долгогодишен развој и модернизација на македонското земјоделство.

Изјавивте дека новиот модел е базиран на повеќемесечни анализи, разговори со релевантни чинители, науката и земјоделците. Кој сепак имаше најголемо влијание за промените, што беше пресудно?

-Токму така повеќе од шест месеци тимови на Министерството, Платежната агенција и стручната јавност, работеа за подготовка на првичниот концепт кој потоа беше предложен до Агро Советот, а заедно со подсекторските групи го креиравме првиот предлог на новиот модел за субвенционирање, кој беше презентиран пред Владата, а сега го презентираме и пред земјоделците. Една од работите што беше пресудна за сега да се пристапи кон измена на моделот за субвенционирање, беше моменталната криза со храна, предизвикана како последица од војната во Украина. Ние како Министерство мораме да креираме мерки и политики, кои ќе го одржат, стабилизираат и развијат домашното производство на храна. Помагајќи земјоделците да имаат помали трошоци за производство и обезбедувајќи доволни количини домашна храна за задоволување на домашните потреби. Изминативе години повеќепати сме го менувале или прилагодувале моделот на субвенционирање, во зависност од потребите на земјоделците, таков е примерот со субвенциите за тутунарите. Исто така, како што напоменав, планираниот концепт како пилот мерка го пробавме оваа година со субвенциите за сончогледот, во насока за поттикнување на договорното производство, а резултатите беа одлични. Сите овие работи беа клучни да се решиме, храбро да влеземе во измена на моделот за субвенционирање, креирајќи ја оваа голема земјоделска реформа. Исто така сега се создадоа и услови за такво нешто да направиме.

Многумина прашуваат зошто порано не сме го измениле моделот кога веќе сме ги знаеле неговите слабости, но ние моравме најпрво да ги санираме другите наследени штети во Министерството, со земјиштето во Џумајлија, со нерешените доглови на Повардарие, заостанатите долгови кон земјоделците за субвенции. Сега кога овие прашања успавме да ги решиме во целост, можеме да пристапиме кон вака голема реформа.
Еве оваа година со ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедивме 2,7 милијарди денари, средства наменети за целосно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците. Тоа значи дека до крајот на 2022 година целосно ќе ги исплатиме сите заостанати долгови, тоа на пример кај сточарството го направиме и целосно се расчистени сите обрски, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите, од оваа година за овоштарите за да можеме и тој дел да го испробаме како ќе фунционира, за веќе од следната 2023 година авансно да се исплаќаат субвенциите кон сите земјоделци. Обезбедивме рекорден буџет за 2023 година од близу 9 милијарди денари, средства со кои успешно можеме да започнеме со реализација на новиот модел за субвенционирање и со сите нови програми што ги креиравме за поддршка на земјоделците.

Авансната исплата по површина е новото за нас, но не и за земјите членки на ЕУ. Дали не стравувате дека земјоделците ќе се преориентираат на производства кои бараат помалку работна сила, помали вложувања, а исти субвенции. Тоа е примерот со Бугарија, каде површините под сончоглед драстично се зголемија на сметка на градинарските производи, што доведе до намалување на капацитетите на преработувачката индустрија?

-Горд сум што за прв пат започнуваме со авансна исплата на субвенциите во земјоделството и македонското земјоделство го приближуваме кон европското земјоделство. Сите земјоделци основната субвенција за одржување на земјиштето во обработлива состојба ќе ја добиваат авансно, односно 30% од основната субвенција. Додека пак дополнителните субвенции се за оние земјоделци кои одгледуваат значајни култури и производи, ќе докажат остварен принос и своето производство ќе го предадат во регистрирани домашни капацитети, или пак ќе го задржат за сопствено производство. Листата со значајни култури и производи ја подготвивме заедно со земјоделците преку подсекторските групи, каде што утврдивме 24 значајни култури и производи, за кои поддршката е зголемена. Како значајни култури, на пример, се утврдени пченицата, пченката, сончогледот, оризот, го враќаме афионот во листата на значајни култури, потоа пиперката, зелката, компирот, гравот, јаболкото, сливата, грозјето, лешникот и уште неколку други видови одделно кај поледелството, градинарството или овоштарството. Ние со новиот модел кој го предлагаме ги мотивираме и насочуваме земјоделците повеќе да произведуваат култури и производи кои се значајни за државата и што ги бара пазарот. Токму затоа не очекувам дека авансната исплата која ја започнуваме ќе го намали интересот за производство на некоја култура, туку сосем спротивното, очекувам уште поголема мотивираност и зголемување на производството, пред сè кај житните култури. Сепак секогаш можеби постојат ризици, бидејќи не можам ниту јас до крај да претпоставам и гарантирам како ќе се однесуваат земјоделците, но состојбата ќе ја следиме. Затоа и сега при средбите и презентациите на моделот со земјоделците велиме дека тој сè уште е отворен за дополнувања, за да може да имаме што е можно поприфатливо решение што ќе ја постигне крајната наша цел, а тоа е зголемено домашно производство на храна.

Акцентот се става на стратешките култури, што очекувате да придонесе новиот модел?
-Очекувам зголемување на површините под стратешки култури, а тоа веќе го направивме и со еден од јавните огласи за давање на земјоделско земјиште под закуп за обработка на житни култури, кој предизвика голем и досега рекорден интерес кај земјоделците. Тоа секако значи и поголемо домашно производство на значајни култури и производи, што ќе ги задоволи домашните потреби, а преку тоа и намален увоз и увозна зависност на државата. Ние преку одговорни мерки и политики што како Министерство изминативе години ги креиравме, успеавме јачменот да го направиме од култура која беше увозно зависна, во култура која ги задоволува домашните потреби и бележи извоз. Исто така имаме раст и кај извозот на вино, посебно на вино во шише, нашата држава е втора во регионот по извозот на вино, а помеѓу првите дваесет земји во светот. Сега со дополнителната поддршка за значајните култури и производи што ја даваме преку новиот модел, дополнително ги мотивираме земјоделците да го зголемат производството и да се насочат кон одгледување на значајни култури и производи.

Голем интерес кај земјоделците предизвика најавената можност од аплицирање во текот на цела година, без повик, за инвестиции кои сами ќе ги одберат? На кој начин ќе биде реализирано ова, кога ќе започне, кои услови треба да ги исполнат апликантите и дали ќе има доволно средства со оглед на големиот интерес кој уште сега го покажуваат читателите на Агротим?

Ова е нова мерка која ја предвидуваме во програмата за рурален развој која треба многу да им олесни на земјоделците во модернизацијата на своето производство. Досега преку оваа програма повеќепати годишно објавувавме различни повици за поддршка при набавка на механизација, кои имаа определени рокови, па земјоделците не можеа секогаш навремено да аплицираат или пак поддршката не беше за механизација која ним им беше потребна во моментот. Сега со оваа нова мерка бизнис план во земјоделството распишуваме јавен повик отворен цела година и секој земјоделец може сам да одбере за што ќе аплицира, подготвувајќи бизнис план, тогаш кога тој е подготвен и кога му е потребно. Она што е најважно е дека како корисници кај оваа мерка, бизнис план во земјоделството, може да бидат индивидуалните земјоделски производители регистрирани согласно Закон за вршење земјоделска дејност или согласно Закон за ПИОМ. Финансирањето на бизнис планот ќе биде врз основа на Правилникот за прифатливи трошоци, а фокус се става на поддршка за преработка и производство на финални
производи. Максимална вредност на прифатливите трошоци по корисник изнесува до 600.000 денари, односно со кофинансирање на бизнис планот од 50%. Овој процент на кофинансирање може да се зголеми за 10% кај оние типови на инвестиции кои се однесуваат за обновливи извори на енергија. Почетокот на оваа нова мерка започнува веќе од следната 2023 година, со донесувањето на буџетот и програмата за рурален развој за 2023 година. Средства за веднаш да започне реализацијата се обезбедени во буџетот за 2023 година, како за оваа нова мерка, така и за целиот предлог модел за субвенционирање и сите други нови програми и мерки со кои обезбедуваме поддршка на земјоделците. Од досегашните средби на терен со земјоделците, при самите презентации на новиот предлог модел, можам да очекувам голем интерес кај земјоделците за оваа мерка.

Кога може да се очекуваат првите анализи на новиот модел, дали имате правено некои симулации што се очекува во зголемување на површини, принос, извоз… Дали позитивниот пример со сончогледот е доволен показател за тоа што значи договорното производство.

Одличните резултати што ги имавме со сончогледот уште еднаш потврдуваат дека договорното производство е концепт кој треба во целост да се развива и концепт кој дава сигурни резултати. Успеавме оваа година повеќе од двојно да го зголемиме производството на сончогледот, само преку мерката со која го врзавме целото производство на сончоглед да заврши во домашните капацитети. Овие резултати беа и уште една причина и поттик да ја започнеме оваа голема земјоделска реформа. Ние мораме да го поттикнуваме и развиваме концептот за договорно производство. Мораме да ја зајакнеме довербата и соработката помеѓу земјоделците производители и откупувачите и производствените капацитети. Произведеното земјоделско производство целосно ќе заврши во домашните капацитети, но тоа значи и дека откупувачите ќе мораат да имаат понудени добри и реални откупни цени, кои ја почитуваат и вреднуваат земјоделската мака. Ако ги нема домашните млекопроизводители, тутунари или лозари, џабе би постоеле млекарниците, тутунските комбинати или винариите. Токму затоа за нас е многу значајно и важно да ја зајакнеме нивната соработка и доверба, поттикнувајќи го концептот на договорното производство. Што се однесува до анализите од новиот модел ние веќе преку неколку мерки тоа го направивме. Споменав веќе за мерката со сончогледот и ефектот беше одличен, потоа веќе од оваа година со овоштарите го стартуваме и системот за авансна исплата на субвенциите, каде што исто очекувам без проблем целата постапка да биде извршена и веќе од следната 2023 година да можеме авансно субвенциите да ги исплатиме кон сите земјоделци. Нашите очекувања се дека новиот предлог модел треба да биде побрз и поефикасен кон земјоделците. Имаме обезбедено доволно средства во буџетот за целиот новоконцепиран систем и сите нови програми бидат реализирани без никаков проблем. Анализи ќе правиме во текот на целата година, а веќе во првите шест месец ќе направиме еден прв пресек, за да ги видиме првите ефекти во кој правец одат. Веќе од следната производствена година во фунцкија ќе бидат и новите земјоделски површини во државна сопственост, кои преку седумте јавни огласи ги ставивме на располагање, каде најмногу земјоделска површина обезбедивме за обработка на житни култури со склучени 258 договори за закуп. Овие нови површини и новите можности што ги нудиме како за поддршка и мотивација на земјоделците преку новиот модел за субвенционирање, очекувам веќе од следната година да ги дадат првите резултати, со зголемено домашно производство значајни култури, а со тоа и поголем принос и помала увозна зависност од истите.

Има еден тренд на инвестиции во земјоделскиот сектор од страна на компании и личности кои никогаш не се занимавале со земјоделско производство. Претпоставуваме дека една од причините е претпристапниот период кога се очекуваат милиони евра од европските фондови, бидејќи Брисел ќе нè спрема како држава да влеземе силни во ЕУ. Како да се искористи овој тренд, дали можеби треба посебна програма за новите инвеститори, да се мотивираат дополнително, да ги користат средствата од ИПАРД и други фондови?

-Ние сме земја лидер по искористеност на срествата од ИПАРД програмата и тоа ме прави посебно горд. Ако претходно државата морала да плаќа пенали и да враќа пари кои биле ставени на располагање преку ИПАРД програмата, а не биле искористени, сега сме во една обратна ситуација, сега бараме дополнителни средства. Имаме 90% реализација на средствата од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2.335 договори. Не постои град или село во државата каде што денес нема да сретнете табла дека некоја инвестиција е реализирана со средства од ИПАРД програмата. Европската комисија токму затоа веќе ја усвои и новата финансиска програма за Северна Македонија, која во споредба со ИПАРД 2 е зголемена за 62%, односно со новата ИПАРД 3 програма имаме на располагање 210 милиони евра средства за инвестиции во наредните 7 години. Земјоделството денес е еден сектор кој сè повеќе е актуелен за инвестиции и сè повеќе луѓе се одлучуваат да влезат во него и вршејќи земјоделска дејност. Тоа нè охрабрува и како Министерство сме отворени за сите такви инвестиции, кои имаат функција да го развијат и модернизираат македонското земјоделство. Радува и се поголемиот интерес кај младите да се вклучат во земјоделството користејќи го грантот за поддршка на млад земјоделец, но и другите мерки што ги даваме како поддршка за рурална жена, поддршката за малите семејни винарии. Сите овие мерки кои како Министерство сме ги креирале веќе дадоа одлични резултати и токму затоа поддршката кон нив ја продолжуваме и во следната 2023 година

извор Бриф.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Слаб земјотрес ја стресе Македонија

Прилично слаб земјотрес во понеделникот е регистриран земјотрес во Македонија со интензитет од 2 степени според Рихтеровата скала. Според ЕМСЦ, Епицентарот бил на 17 километри од Кичево. Потресот бил на длабочина од 10 километри, јавува ЕМСЦ: Прочитај повеќе...

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна

Русија најверојатно ќе продолжи да ги напаѓа украинската електрична мрежа, гасната инфраструктура и основните услуги за луѓето, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека рускиот претседател сака да ја искористи зимата како оружје за војна. „Да го правиме ова додека влегуваме во зима покажува дека претседателот Путин сега... Прочитај повеќе...

Директорот на Институтот за генетика: Здравствениот систем на Кина не е подготвен за омикрон

Комунистичката партија на Кина е во дилема бидејќи граѓаните сакаат да се укинат мерките против пандемијата, но дури и нивно олеснување може да доведе до неконтролирано ширење на коронавирусот и голем пораст на бројот на смртни случаи. Властите ќе треба да донесат одлука дали ќе продолжат да инсистираат на нивната... Прочитај повеќе...

Таравари: Факт е дека балансерот се злоупотребува, треба да се донесе посебен Закон за правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници

-Точно е дека балансерот се злоупотребува. Тоа е непобитен факт. Овој мандат ги имаме првите вработувања и фект е дека од човечки ресурси луѓето знаат колку места ќе има во општината. Се знае дека на пример треба да се вработат 13 Албанци, четири Македонци, двајца Турци, еден Ром и горе... Прочитај повеќе...

Хоџиќ: Балансерот има методолшка маана

Според Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА, правичната и соодветната застапеност е една од работите кои ги следи Агенцијата . -Се покажува подобрување, но со едно ниско темпо. Ние како Агенција на нашите партицпативни форуми, преку кои на една страна ги седнуваме... Прочитај повеќе...

Земотрес ја стресе Македонија

Според ЕМСЦ во понеделникот попладне е регистриран земјотрес во Македонија со интензитет од 2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 17 километри од Кичево. Потресот бил на длабочина од 10 километри. Прочитај повеќе...

Таравари: Факт е дека балансерот се злоупотребува, треба да се донесе посебен Закон за правична и соодветна застапеност на сите етнички заедници

-Точно е дека балансерот се злоупотребува. Тоа е непобитен факт. Овој мандат ги имаме првите вработувања и фект е дека од човечки ресурси луѓето знаат колку места ќе има во општината. Се знае дека на пример треба да се вработат 13 Албанци, четири Македонци, двајца Турци, еден Ром и горе... Прочитај повеќе...

Хоџиќ: Балансерот има методолшка маана

Според Џелал Хоџиќ од Агенција за остварување на правата на заедниците и претседател на СДА, правичната и соодветната застапеност е една од работите кои ги следи Агенцијата . -Се покажува подобрување, но со едно ниско темпо. Ние како Агенција на нашите партицпативни форуми, преку кои на една страна ги седнуваме... Прочитај повеќе...

Добиле само 6 пакувања бонбони како награда: Пронајден чек од 4,6 милиони евра

Anouar G, од Франкфурт, Германија, ја забележал банкарската сметка на платформата откако ја посетил неговата мајка. Овој 38-годишник останал запрепастен кога видел дека вредноста на чекот е 4.631.538,80 евра. – Имаше толку голема количина на неа што не можев ни да ја изговорам – вели тој. Наводно чекот бил издаден... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво што прави- проверува во телефонот што кажал Апасиев

На нашиот европски пат има сериозна закана, а најзабележителен и најопасен во моментов е Димитар Апасиев, тој е агент на хаосот и верува дека колку повеќе е лошо за земјата – толку е подобро за него, порача претседателот Димитар Ковачевски од Велес. Неговата цел, додаде Ковачевски, е да запали оган... Прочитај повеќе...

Доаѓаат пари: До крајот на декември по најмалку 12.740 денари на сметката на секој вработен во приватниот сектор

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. Регресот за годишен одмор годинава ќе биде во износ од минимални 12.740 денари. Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од минимални 12.740 денари па нагоре. Пресметките се прават […] The post Доаѓаат пари: До крајот на декември по најмалку 12.740 денари на сметката на секој вработен во приватниот сектор appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11%

Агенцијата за енергетика го одобри поскапувањето на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година во соседна Србија, соопшти РТС. Од почетокот на 2023 година цената на киловат-час струја кај домаќинствата ќе биде повисока за 8 отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек […] The post Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11% appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Драстичен пад на цените на нафтата на светските берзи

Драстичен пад на цените на нафтата е забележан на светските берзи. Цената на барелот на лондонските берзи е 81,48 долари, односно за речиси 3 отсто помалку од вчера. Пад од 2,8 отсто е забележан и на американската берза каде барел се продава за 74,15 долари. The post Драстичен пад на цените на нафтата на светските берзи appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година

Соопштение до јавноста за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека е добиена согласност од страна на Собранието на Република Северна Македонија за намалување […] The post Намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Изминатото деноноќие произведени 13.056 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 27.11.2022 година произведе 13.056 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.377 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.679 MWh. Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 MWh електрична енергија. * Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 27.11.2022 година. The post Изминатото деноноќие произведени 13.056 MWh електрична енергија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy