Измешајте ги овие две состојки пред спиење и никогаш повеќе нема да се разбудите уморни

Ако секое утро се будите уморни и нерасположени, оваа едноставна мешавина ви гарантира квалитетен сон и одморено тело!

Постои едноставен рецепт од само две состојки поради кој мирно ќе ја преспиете ноќта и во утринските часови ќе се разбудите свежи. Ви требаат само пет лажички органски сиров мед и една лажичка хималајска сол.

Овие состојки треба добро да ги промешате и да ги сместите во стаклена тегла. Најдобро е соодносот помеѓу медот и хималајската сол да биде 5:1, но тоа може да го прилагодите и според вашиот вкус, ако така не ви одговара.

Сè што треба да направите е само малку од оваа мешавина секоја вечер пред спиење да ставите под јазикот и да оставите да се растопи. Ова функционира бидејќи хималајската сол содржи повеќе од 80 минерали и елементи коишто му се потребни на вашето тело за различните процеси и кои му помагаат на телото за преку ноќта да се опорави.

Од друга страна пак, медот содржи глукоза којашто ги полни клетките со енергија. Покрај тоа, оваа мешавина го подобрува лачењето на серотонинот, па и поубаво ќе се одморите и ќе го опоравите телото.