Извештај од боиштето: Русите влегоа во Москва

Русија се мачи на бојното поле и трпи огромни загуби, стравува од долго најавуваната украинска контраофанзива додека Украина ги засилува нападите на територијата окупирана од Русија и беше обвинета за напади во Русија. Руските војници дезертираат на боиштето, платениците најавуваат непослушност и повлекување, руските воени групации се мразат, исмејувајќи се меѓусебно, а расцепот што владее во врвот на руското воено раоводство е сé подлабок и поширок.

Многу настани за Денот на победата ширум земјата беа откажани или редуцирани поради страв од украински напади, беше откажан и маршот на „бесмртниот полк“ за да не излезе на виделина размерот на руските загуби во војната, а на годишната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која обично е приказ на големината и моќта на арсеналот на Кремљ, се појави само еден стар Т-34 тенк, реликт од Втората светска војна, без ниту еден модерен руски тенк, а изостанаа и татнежите од прелетите на „моќните “ руски воени воздухоплови.

Всушност, и немаше никаква причина Украина да преземе било какви дејствија за да ја дискредитира парадата, руската војска е совршено способна самата да се посрамоти. Во споредба со предходните години, од почетокот на инвазијата, бројот на воени возила на овогодинешната парада бележи драматичен пад:

– 2021 година – 197 возила
– 2022 година – 131 возила
– 2023 година – 51 возила

Според британското Министерство за одбрана, на парадата, наводно, учествувале повеќе од 8.000 лица, но повеќето од нив биле помошни, паравоени сили и кадети од установи за воена обука. Единствениот персонал од распоредливи формации на редовни сили беа контингентите на железничките трупи и воената полиција.

Овогодинешната руска парада на Денот на победата на Црвениот плоштад ги истакна материјалните и стратешките недостатоци со кои се соочува руската војска 15 месеци од војната во Украина, а Путин нема ниту една победа на боиштето за да се пофали пред сопствената јавност.

Бахмут опстојува, и сеуште е под украинска контрола.

Но , руската пропагандна машинерија ја убедуваше домашната јавност дека на Црвениот плоштад во Москва, и овој 9 мај се прославува непобедливоста на руската војска, се слави победата на руската „вистина“ или поточно „победа над победата“.

Руската пропаганда на 9 мај го објави најновиот извештај од боиштето: Русите влегоа во Москва…конечно една вистина.

„9 мај“, односно Денот на победата над нацистичка Германија, зазема видно место: пропагандистите го беатифицираат, воздигнувајќи ја улогата на СССР, а сите неистомисленици се означени како „русофоби“ и „фашисти“.

Меѓутоа, оние кои постојано се фалат со своите „дела“ во Втората светска војна, самите започнаа војна против Украина и целиот демократски свет, игрјќи си со чувствата на своите граѓани, поистоветувајќи ја оваа војна со „Голема татковинска војна“, кога советите ги победија нацистите…но ете, нацистите не биле победени, се повампириле во Украинна, во западните земји, кои го напаѓаат „голоракиот“ руски народ. Ги има несекаде, само не таму каде што навистна ги има, во самата русија, и особено кај нејзиниот водач.

По правило, руските наративи и пораки на „9 мај“ се циклични, односно, секоја година се репродуцираат истите изјави, при што се прилагодуваат само локалниот и временскиот контекст.

Како што пренесува Укринформ, руската пропаганда во март-април 2023 година почна да ги обликува рамки за кампањата на 9 мај, фокусирајќи се на контекстот на тековната војна против Украина.

На пример, каналот Приднестровец Телеграм објави објава во која се тврди дека „Украинците ќе го нападнат Црвениот плоштад во Москва на 9 мај“. Според проектот „Без лага“, всушност, пропагандистите го користеле видеото на украинскиот ICTV Facty, кој останува во јавен домен. Сепак, ниту натписот на вистинското видео, ниту самото видео не кажуваат ништо за „нападот“.

Пред тоа, во март, руската пропаганда за своја манипулација го искористи украинскиот нацрт-закон за измена на член 73 од ЗК на Украина за да се воспостават банкарски денови и наведе дека, наместо 9 мај, Украина воведува нов празник „Победа над Московија“.

StopFake, исто така, го отфрли овој „извештај“, објаснувајќи дека предлог-законот, кој сè уште не бил ставен на гласање во парламентот, предлага да не се откажуваат постојните празници, туку само да се воспостават други. Конкретно, спонзорите на законот сакаат да воведат „Ден на мирот“ на 21 септември за да го прослават „мирниот живот по победата на Украина над руската воена агресија“ на овој ден. 9 мај останува редовен работен ден.

Пораките за „9 мај“ по правило ги зајакнуваат наративите за „русофобија“ и „нацистичка политика“ во одредени земји.

На пример, Летонија, Литванија и Естонија најчесто се нарекуваат „нацистички земји“, кои ги откажуваат „деновите за сеќавање“ и дури „гони луѓето за какви било обиди за прекршување на правилото“.

Покрај тоа, руската пропаганда тврди дека Украинците се тие кои предизвикуваат уште понепријателски став кон Русија. Објавувањето на рускиот Baltnews од 2022 година, кој е дел од медиумската групација Russia Today, вели: „Во исто време, буквално стандардно, антируската агресија изразена од некои Украинци кои пристигнаа во Естонија, очигледно, не се смета за провокација. ”

Дополнително, руската пропаганда не престанува да се обидува да ги шири своите основни наративи за Втората светска војна, кои ги поддржува и самопрогласениот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. На пример: „Се сеќаваме на сите невини жртви на циничните експерименти и ужасната бруталност на џелатите на Хитлер. И нема да се измориме да ги потсетуваме народите во Европа на оние кои ставија крај на најкрвавата војна во историјата на човештвото“.

Пример е изјавата на спикерот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, кој во 2022 година рече дека „актуелната генерација западни политичари сака да ја преработи историјата и да го пречкрта херојскиот чин на советскиот народ во Втората светска војна“.

Што не е во ред со пораките на Кремљ за „9 мај“ и зошто Русија не е подобра од нацистичка Германија?

Со своите пораки Русија настојува да ја монополизира Победата. Во исто време, значаен придонес даде и Украина, која беше дел од СССР, и нејзиниот храбар народ.

Дополнително, во моментов, Русија е нацистичка држава, која дури и по естетика го следи примерот на Третиот Рајх, а очигледните паралели на модерната руско-украинска војна со Втората светска војна на никој начин не се во корист на Русија:

1) Хитлер ја започна војната поради сопствените империјални амбиции. Путин исто така се обидува да ја оживее империјата и да ја заземе Украина, која ја гледа како своја колонија.

2) Нацистичка Германија, предводена од Хитлер, водеше војна за уништување, изврши геноцид и го доведе во прашање правото на постоење на другите народи и држави. Русија, на чело со Путин, сега го прави истото. Путин тврди дека нема Украинци и дека украинската држава нема право да постои.

3) Нацистичка Германија насилно го отстрани населението од окупираните територии. Русија го прави истото. Во март, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин за киднапирање на украински деца.

Русија го уништува глобалниот поредок по Втората светска војна. Ако Путин не биде запрен, реалноста може да стане уште пострашна Трета светска војна.

Покрај тоа, рускиот диктатор, сво стилот на стилот на својот идол Сталин, ги прогласи за свој противник не само Украина, туку и целиот западен свет (всушност, сите демократии воопшто). Според неговите планови, Украина мораше прво да падне и да го отвори патот за понатамошна агресија. Ако Путин не биде поразен во Украина, тој ќе ги нападне другите европски земји како што направи Хитлер по освојувањето на Полска.

Историјата докажала дека обидите да се смири агресорот само го зголемуваат неговиот апетит. Во 1930-тите, светот ги затвори очите пред Аншлусот во Австрија и дозволи Германија да ја распарчи Чехословачка. Се освести дури кога Хитлер ја нашпадна Полска, но веќе „ ѓаволот ја беше однел шегата“.

Но, лекциите од почетокот на 20 век не беа научени, Истото се повторува и во 21 век, кога поради недостатокот на решителен меѓународен одговор на илегалната анексија на Крим и окупацијата на дел од украинскиот Донбас, Путин беше убеден дека Русија ќе ја избегне одговорноста за покренување војна од целосен обем врз Украина, со сите стравотии и ужаси кои таа ги носи со себе. Само со обединување светот може да го запре Путин и да спречи нова глобална војна, а Русите навистина да влезат во Москва…оние прогресивните, со демокатски вредности.

Драган Мишев

извор: Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Уапсен надри лекар, пронајдени пари, лекови, медицинска документација и еден предмет

На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска... Прочитај повеќе...

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На пладне е закажана вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето, кое вчера го зафати Делчево. На седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, а ќе биде донесена и одлука за формирање комисија за процена на штети по што ќе се објави и... Прочитај повеќе...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Еве каква е сликата во Делчево по силното невреме

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски објави фотографии од тоа како изгледа Делчево по вчерашната природна катастрофа. Најавена е вонредна седница на советот. Прочитај повеќе...

Вонредна седница во Делчево: се очекува советниците да прогласат елементарна непогода

На пладне е закажана вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето, кое вчера го зафати Делчево. На седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево, а ќе биде донесена и одлука за формирање комисија за процена на штети по што ќе се објави и... Прочитај повеќе...

Водата во Делчево може да се пие, дефектот саниран

Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани. Градоначалникот Горан Трајковски рече дека граѓаните може да ја користат водата за пиење. Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, уништени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментот советниците... Прочитај повеќе...

Познат идентитетот на загинатата жена – Страотна сообраќајка во тунелот на делницата Гевгелија – Неготино

Денеска (09.06.2023) во 08.40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.П.П.(47) од Неготино, изгубило контрола и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.П.П. и била... Прочитај повеќе...

Трагедија: Утрово загина вработен во Макстил

Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби вработен во компанијата. Според информациите на Макстил веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата.     Прочитај повеќе...

Трамп: Корумпираната администрација на Бајден ме обвини

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Трамп) вчера преку социјалните мрежи соопшти дека против него е покренато обвинение, за што неговите адвокати биле информирани од администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден (Џо Бајден). – Корумпираната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека е покренато обвинение против мене – напиша Трамп... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нема потреба од нервоза во ВМРО-ДПМНЕ затоа што го променија ставот за уставни измени, да го продолжиме дијалогот

СДСМ: Нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза затоа што променија став и прифатија уставни измени, како и учество во широка Влада за европска интеграција. Разбираме дека промената на ставот можеби дојде наеднаш, дека паднаа во вода сите изјави за францускиот предлог и за договорот. Разбираме и тоа... Прочитај повеќе...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно... Прочитај повеќе...

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута […] The post Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични […] The post Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само […] The post Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […] The post Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат […] The post Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy