Јадење кое ви помага да ослабнете – рецепт за супа која топи масти

Овој вкусен топол оброк ќе ве засити, а воедно, веднаш по конзумирањето, ќе почне да го топи вишокот масти во вашиот организам, и така ќе ви помогне при слабеење.

Состојки: 1 компир; 3 моркови; 1 главица кромид; 1 чешне лук; малку морска сол; 1/2 лажичка бибер; лажичка пипер; 1 ловоров лист; 400 гр пастеризиран домат; 400 гр грашок од конзерва; една рака спанаќ; маслиново масло

Начин на подготовка:

Сите состојки, освен спанаќот и маслиновото масло, сварете ги на слаб оган. Пред крајот, кога зеленчукот ќе биде готов, додајте спанаќ и оставете уште неколку минути.

При сервирање во секоја чинија додајте по лажичка маслиново масло.

Доколку сакате крем супи, по готвењето, извадете малку вода и сите состојки изблендирајте ги.

На здравје!