Како членка на НАТО и претседавач на ОБСЕ Северна Македонија директно учествува во реинвентирањето на светската колективна безбедност

Зоран БОЈАРОВСКИ

Првата година од руската инвазија на Украина ги поттикна дебатите за глобалните импликации на актуелната војна, како и за импликациите од другите потенцијалните воени жаришта од аспект на одговорот на овие закани што може да ги понудат мултилатералните организации за мир и соработка.

Војната во Украина ги предизвика темелите не кои е поставен меѓународниот безбедносен поредок воспоставен уште од времето на Втората светска војна преку концептот и политиките на дејствување на Обединетите нации, како и од времето и заканите од Студената војна кога беше основана Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Соочен со овие предизвици, особено со војната во Украина како исклучително сериозна закана, не само по европската, туку и по светската безбедност, светот со неверување ги следи последиците кои стигнаа до таму земјите како Германија и Јапонија да ги зголемуваат воените буџети и да го обновуваат воениот арсенал.

Во овие услови, кога светот се соочува со најголемата закана за глобалната безбедност на една генерација, се чини дека членството на Северна Македонија во НАТО, како и претседавањето со ОБСЕ, направија нашата земја да биде директен учесник во процесите за реинвевентирање на светската колективна безбедност.

Северна Македонија во ОБСЕ „За луѓето се работи“

Се чини немаше посоодветен пристап претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ да започне со промоцијата на слоганот „За луѓето се работи“ кој навести дека во фокусот е хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност.

Оттаму сосема природно е што министерот за надворешни работи Бујар Османи кој претседава со ОБСЕ во името на нашата земја, потенцира дека „во наш фокус, како земја претседавач, ќе бидат теренските мисии со конкретни активности со цел олеснување на животот на луѓето, унапредување на нивните права и слободи“.

Она што е особено важно во стратегијата на Северна Македонија за време на претседавањето со најголемата регионална организација за безбедност и соработка, која опфаќа 57 држави учеснички од Северна Америка, Европа и Азија, освен фокусот врз кризните региони, а пред сѐ, воената агресија врз Украина, приоритетите како претседавач на ОБСЕ се и реафирмацијата на придобивките на оваа организација за безбедност и соработка и обновување на дијалогот и довербата, инвестирањето во мирот и отпорноста на ОБСЕ, како најдобар начин за справување со безбедносните предизвици. Со ова Северна Македонија се афирмира како активен чинител во генерирање на стабилност во поширок регионален контекст.

Оваа позиција и заложби на Северна Македонија беа презентирани на средба со амбасадорите на групата „Квинта“, односно со амбасадорите во ОБСЕ од Виена на земјите членки Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

На средбата со „големата петорка“ од ОБСЕ Османи истакна дека, фокусот на Украина, Северна Македонија ќе остане континуирано ангажирана и за другите кризни региони кои бараат постојано внимание.

– Сведоци сме на зголемена тензија во Источна Европа, во Кавказ, во Централна Азија и во нашиот сопствен регион на Југоисточна Европа, како резултат на сегашната агресија. Ќе се обидеме да ги адресираме и нив, согласно приоритетите, колку што е можно во сегашните околности – рече Османи на таа средба додавајќи дека и покрај тековните предизвици во нашиот регион, како претседавач со ОБСЕ, Северна македонија ќе се фокусира на агенда којашто може дополнително да ги зајакне напорите за помирување и градење доверба.

На средбата со петорката амбасадори, претседавачот Османи изрази благодарност и за нивната политичка поддршка, осврнувајќи се на важноста од изнаоѓање заедничка основа во контекст на исполнување на вредностите на Организацијата и придвижување на процесите напред согласно принципите и заложбите на ОБСЕ.

Ако се има предвид дека петте земји членки на групата „Квинта“ во ОБСЕ, се и највлијателните земји членки на НАТО, се чини сосема прагматична тактиката на министерот за надворешни работи Бујар Османи, односно на Северна Македонија, претседавањето со ОБСЕ да го „врзе“ тесно со НАТО.

ОБСЕ и НАТО се втемелени во безбедносната архитектура на Европа

Во таа насока, министерот Османи, на 31 јануари, за време на седницата на Северно Атлантскиот совет на НАТО, кога ја претстави Програмата на Северна Македонија како Претседавач со ОБСЕ во 2023 година, ја потенцираше важноста на улогата на НАТО и ОБСЕ во европската безбедносна архитектура, и, меѓу другото, пред амбасадорите на НАТО ја истакна важноста на соработката меѓу двете колективни безбедносни организации.

– Многу ми е драго што Стратешкиот концепт усвоен минатата година во Мадрид кој кристално јасно покажува дека НАТО има намера да ја зајакне нашата заедничка координација и соработка. Како претседавач со ОБСЕ, уверен сум дека сите можеме да имаме корист од оваа соработка, бидејќи работиме за да придонесеме во процесите за безбедност и стабилност во Европа и светот – истакна Османи на седницата на Северно Атлантскиот совет на НАТО.

Иако според „статутите“ и политичките околности за основање на овие организации, НАТО и ОБСЕ се различни организации, сепак имаат и заеднички цели и принципи важни за зачувување на европската, па и светската безбедност.

– И двете организации се засновани на принципи и вредности, кои во случајот на ОБСЕ, се грубо прекршени со воената агресија на Русија на Украина. Верувам дека има простор за соработка и треба да ги исцрпиме сите можности за да придонесеме за поголема безбедност во регионот на Европа, но и пошироко – рече Османи пред Северно Атлантскиот совет на НАТО.

Сите овие околности ја прават 2023 важна година за допопнителна меѓународна промоција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во улогата што нашата земја може да ја позиционира како држава којашто активно учествува во разрешување на конфилктите, во намалување на тензиите, во обновување на довербата меѓу народите, сѐ со цел да се прифатат безбедноста и соработката како темел за просперитетна иднина на народите.

извор: Рацин.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ФИНСКА ВЛЕГУВА НА НАТО: Турција конечно го одобри барањето

Турција конечно ја одобри апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО, ставајќи крај на повеќемесечните одложувања, но во исто време продолжи да ја блокира Шведска да се приклучи на воената алијанса. Турскиот парламент во четвртокот едногласно гласаше за членство на Финска, отстранувајќи ја последната пречка во процесот на пристапување. Гласањето... Прочитај повеќе...

ЗА ПРВ ПАТ ВО АМЕРИКАНСКАТА ИСТОРИЈА! Обвинение против експретседателот ДОНАЛД ТРАМП: Исплатени пари на ѕвезда од филмови за возрасни

Во Менхетен, Њујорк, Големата порота гласаше за обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп поради тајни плаќања на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс. За прв пат во американската историја, сегашен или поранешен претседател се соочува со кривична пријава, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на три извори запознаени со ова прашање.... Прочитај повеќе...

ОВОЈ ЗАЧИН е се што ви треба за убава интензивна жолта БОЈА на ЈАЈЦЕ

Жолтата боја од јајцата можете да ја добиете многу лесно, што е најдобро и сосема природно. Се ближи Велигден, а домаќинките веќе размислуваат за украсување и бојадисување јајца, а годинава наместо да купувате фабрички бои, насочете се кон природните варијанти. Освен зеленчук, можете да користите и зачини за бојадисување јајца.... Прочитај повеќе...

Белата означува слава, жолтата радост: Традиционалните велигденски бои имаат важно значење

Велигден е обоен во светли бои … гледаме многу розова, виолетова, жолта и зелена! Има причина за тоа. Еве го вистинското значење зад велигденските бои кои сите добро ги знаеме (плус уште две „традиционални“ нијанси кои би можеле да ве изненадат). Боите што ги поврзуваме со одредени христијански литургии датираат... Прочитај повеќе...

НАРОДНИ ОБИЧАИ ЗА ЈАЈЦЕТО ЧУВАРКУЌА – Има само еден начин правилно да го вапсате, а еве што треба да направите со минатогодишното

Повеќето домаќинки бојадисуваат велигденски јајца на Велики петок. Без оглед на бојата на јајцето што ќе изберат, едното дефинитивно ќе биде црвено – тоа е чуваркуќа. Обичајот налага првото јајце да биде обоено црвено, симболизирајќи ја невината пролеана крв на Исус. Ова јајце, чуваркуќа, се чува во текот на целата... Прочитај повеќе...

Ограбена е фирма во Скопје

Како што соопшти полицијата вчера во 07.30 часот во ПС Чаир, било пријавено дека во објект на фирма на подрачје на Чаир неколку лица со употреба на алат влегле внатре и одзеле пари, велат од МВР. Полицијата додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Пензионер нападнал двајца малолетници во центарот на Скопје

Како што соопшти полицијата вчера нешто пред 18 часот било пријавено дека околу 17 часот на подрачјето на Центар двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од Љ.А.(63) од Скопје. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Прочитај повеќе...

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – Овие пет земји немаат аеродроми

Пред да започнете да планирате одмор во Европа, проверете дали вашата посакувана дестинација има аеродром. Списокот на земји кои немаат сопствен аеродром е истовремено и список на земји кои се меѓу најмалите во светот според површината што ја заземаат. Тоа се Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино. Иако земјите... Прочитај повеќе...

ВАЖНА Е ВИСТИНСКАТА МЕРКА – Една и пол до три и пол шолји кафе дневно, помал ризик од смрт

Луѓе кои пијат умерени количини кафе, една и пол до три и пол шолји дневно, незасладени или засладени со шеќер, се изложени на помал ризик од смрт во следните седум години, покажуваат научните истражувања. Кинеските научници од Јужниот медицински универзитет во Гуангжу ги користеа податоците од прашалникот за здравствено однесување... Прочитај повеќе...

Ескорт дама објаснува зошто жените изневеруваат, а скоро сите имаат ИСТА ПРИЧИНА

Ескорт дама открива дека изневеруваат и оние жени кои се заљубени во партнерот. Австралијката Саманта Икс го кажа своето мислење зошто изневеруваат, откако разговараше со некои дами кои признаа дека отишле подалеку од својата друга половина. Саманта објаснува дека изневерувањето не е само „машка работа“ – велејќи дека и многу... Прочитај повеќе...

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување […] The post Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над 500 денари за вреќа од 15 килограми ги одвратија граѓаните од пелетите, а печките на пелети се продаваат по ниски цени по македонските огласници. Според […] The post Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy