Еве како да препознаете која храна е ГМО, а која не е

Генетски модифицираните производи, иако се` сеприсутни, можете да ги избегнете ако знаете неколку трикови.

Секако, прво што е потребно е внимателно да ги читате декларациите.

Второ, ГМО производите се препознаваат по нивниот „совршен“ облик – кај овошјето и зеленчукот на пример. ГМО производите воглавно се со иста големина, сјајни, без дамки.

Третиот трик се однесува повторно на декларацијата. Побарајте го бројот на декларацијата, поточно „PLU“ (Product Lookup Number).

Производите кои се означени со петоцифрен број, а почнуваат со број 8 се ГМО.

Кај четирицифрените броеви, кои почнуваат со три или четири, се работи за производ кој не е ГМО, но е третиран со хемикалии и пестициди.

Најдобри се оние производи чиј PLU број е петоцифрен и почнува со 9. Тоа се органски производи без пестициди и хемикалии.