Како станав бодибилдер во 12 недели: Ова е тајната на неговиот успех (Фото)

Лојд Стивенс, по неверојатната трансформација се поздравил со канцелариската работа и сега работи како личен тренер. Тој во само 12 недели се трансформирал од буцкасто момче во бодибилдер, а сега ја открил и тајната на својот успех.

Лојд вели дека бил мрзелив, огромен и беден кога работел како технолошки експерт во Лондон.

Тогаш овој 33-годишник донел одлука и започнал да со строг режим на исхрана и вежбање, и засекогаш го променил својот живот.

Во само 12 недели се претворил во бодибилдер и повеќе не личел на себе.

Генетиката не е изговор

Лојд вели дека во се` важната улога ја игра генетиката, но само до одредени граници.

„Повеќето луѓе се извлекуваат на генетиката, а јас мислам дека тоа е глупост бидејќи со правилна исхрана и режим на вежбање може да постигнете сјајни резултати“, рекол тој.

Вели дека најдобар начин за добивање мускулна маса е правилна исхрана во комбинација со упорност во тренинзите.

Исто така, рекол дека има 30 минутен план кардио вежби секое утро и дека секој ден тренира една група мускули.

Што се однесува на исхраната, за доручек јаде јајца, чаден лосос, киви, додека за ручек на менито има пилешко, зеленчук, сладок компир и авокадо.