Како станав дојденец, или против десничарскиот (вечен) расизам

Како станав дојденец, или против десничарскиот (вечен) расизам

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Никогаш не сум внимавал со кого ќе се дружам, кого ќе љубам, каде ќе живеам или политички поддржувам; секогаш сум имал однос кон другите онака како што ми велела интуцијата во дадениот момент, па дури и ако сакате онака како што ми заповедала емоцијата. Никогаш или во крајна нужда, кога сум бил приморан, сум бил прагматичен, а овие мои особини ниту се за пофалба или пак за критика. Ова се некои општи начела на кои е форматирана мојата личност.

Во основа, мојата генерација а и јас лично, пораснавме во „лева традиција“, поточно, немавме ниту некој голем избор во која традиција ќе пораснеме. Едноставно, сите сме пораснати во лева традиција. Со други зборови, пораснавме во култура на толеранција, разбирање; пораснавме во култура која нè учеше дека сите разлики се нормални, дека не е важно кој како се вика, кој е црн, плав, жолт, како зборува или политички мисли. И секое насилство го третиравме како екстремен исклучок.

Денес и овде, ние живееме во време на мигрантства, миграции, заминувања… Во оваа земја формално-правно сум имал четири адреси на постојано живеење: Битола (кога се родив), Кичево, град во кој ги поминав моите адолестцентски години, Скопје (години кои за мене беа важни и афирмативни) и денес Кавадарци (град во кој расте моето дете, живее мојата драга и креветот што го памти моето тело). Од друга страна, во документи ми стои градот Битола како место на раѓање, а во тој град не паметам кога последен пат сум бил. Така што, уште од тогаш постои моето „пренатално мигрантство“, поточно, уште од тогаш постои мојата „обескоренетост“ која мене секогаш ме следеше како некој екс-југословенски скитник, бескуќник, битанга.

Ако ова е мал фрагмент на мојата лична историја, знаете и сами дека постои фрагмент и за колективната историја на сите нас. Оти прашањето на географија не е „штуро“ прашање на просторот, туку е простор во кој ти се чувствуваш или како некој што е свој-на-своето или се чувствуваш како мигрант/бескуќник, дури и кога не се помрднуваш од твојата куќа, а камо ли ако ги промениш адресите на живеење на земјите во кои престојуваш онака како што ги познаваме судбините на стотици илјади луѓе од деведесеттите години наваму, па дури и во мојот случај, иако мојот е помалку драстичен од некои други судбини, ама сепак и тоа е некоја промена во животот.

И сето селење од едно до друго место, вие во себе препознавате кај другите како изгледа тој „нов човек“, со некој туѓ нагласок, со чуден пејоратив во својата вилица, некој човек кој не е ваш, некој што е дојденец… Секогаш и секаде бев „оној Друг“. Уште во многу рани години сфатив што значи кога домашните те перцепираат како „некој што ни доаѓа од страна“. И ако нешто во животот научив од тоа рано егзистенционално прашање (потенцијата заради тоа е „на стотта“ засилена); што значи научив, велам, да го разберам оној што претставува Друг, да го разберам оној кога јас ќе се најдам во ситуација да бидам дел од мнозинство, во некоја смисла – етничка, верска, јазична или било која друга; да јас го разберам оној што е Друг, оној што е странец, оној што е дојденец… Напросто речено, да не му го загорчувам животот, туку да се обидам да му го направам животот „полесен“. И без разлика колку патетично да звучи – тој човек е мој брат, затоа што нема што друго да биде.

Постојат, имено, случаеви, постојат животи кои жанровски може да се одредат и пред смртта. Се работи за судбини на луѓе кои ги снаоѓа неволја така што сопствените животи да им се издигнат до ниво на судбина. Се работи за неволја која, многу е попријатна за живот ако не се издигне до ниво на судбина. Од судбината се страда, судбина е друго име за несреќа, за претежок живот што ги крши човечките коски, а човека го води низ голема воена, општествена и државна историја, го исклучуваа од сè што е интимно, чувствително и нежно. Мажите на овие простори често ги имитираат Албанците дека не знаат да зборуваат на македонски јазик. Постојат луѓе во ова општество кои имитирајќи Албанци направија сатирични кариери. Од имитација преполна со предрасуди, направија одвратни кариери. Таквите уште на драго срце се видни гости низ телевизиските мејнстрим куќи.

Денеска „вмроовската“ десница, техничкиот премиер Талат Џафери го негира со слични предрасуди за Албанците. Ги нарекуваат необразовани дивјаци кои се симнале од планини за да ја окупираат земјата. Тие, гордите „патриоти“, скриени позади етничкото „мнозинство“, и во име на него – го негираат вториот по големина малцински народ, а тоа е Албанскиот народ.

Многу е лесно да се сокриеш позади мнозинството и да му расплакуваш мајче на оној што е малцинство. Да го негираш на така одвратен и расистички начин само заради тоа што не е дел од твоето „мнозинско племе“. Од она кое го слушнав, очигледно е дека денешната ДУИ на Ахмети, партија која го претставува најголемиот број граѓани Албанци, ги претставува и Македонците. Самиот Ахмети рече дека „ние не само што ќе го штитиме албанскиот, ние ќе го штитиме и македонскиот идентитет“. Оттука, јасно ни даваат до знаење дека сакаат да бидат дел и од македонскиот идентитет, што, за волја на вистината, претставува огромна цивилизациска трансформација на лидерот Ахмети и партијата ДУИ.

Ако може Ахмети, а верувам и Џафери, да го развиваат мултикултурниот карактер на земјава, тогаш со чисто срце може да кажам дека нам како држава може да нè спаси коалициониот капитал од различност и милтикултуралност. Во спротивно, за нас нема шанса ниту теоретски.

A, aко ние не се обидуваме низ секојдневни пракси со нашите сограѓани Албанци, политички, економски, социјално, ништо нема од нашите eвроинтеграции. Не може вие да гледате на Албанците со фрустрација и чемер, а себе да се нарекувате Европејци и eвроинтегративци.

Ми се чини дека единствено СДСМ на Ковачевски го разбира овој проблем, сфаќа колку е важно да се има добри односи со Албанците, не според глупавите нарации на Мицкоски „ве клекнаа Албанците“, туку дека оваа земја, во оквирот на Уставната парламентарна демократија, функционира на вредности и договори, а не на крволoчно самоволие на оние кои за себе сметаат дека се дел од „етничкото мнозинство“.

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Текстот е личен став на Авторот.

Извор: Frontline.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Американски историчари: Бајден е 14-ти најдобар претседател на САД, а Трамп е најлош

Последните анкети не одеа баш во корист на американскиот претседател Џо Бајден. Тој има помал рејтинг од сите претседатели до Двајт Ајзенхауер во оваа фаза од нивниот мандат, а во анкетите заостанува дури и зад поранешниот претседател Доналд Трамп, со кого најверојатно ќе има реванш на есен. Но, се појави Прочитај повеќе...

171 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон Прочитај повеќе...

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ ТЕОДОР СТРАТИЛАТ: Се верува дека ќе ве заштити од неволја ако го направите ОВА

Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода Православната црква и нејзините верници денеска на 21 јуни го слават Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век за кој пишувал и владиката Николај Велимировиќ. Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклија во моментот кога решил да Прочитај повеќе...

Недостигот на дожд предизвикува проблеми во Италија

Ќебе од смог го покрива Милано, празни цистерни се печат на Сицилија, а производството на вино во Пиемонт опаѓа бидејќи недостатокот на дожд низ Италија го влошува загадувањето и предизвикува суши. Во вторникот во Милано и во осум други градови низ Ломбардија беа забранети автомобилите со гас, откако индустрискиот регион Прочитај повеќе...

Аналитичари: Изградбата на нови станови во Европа ќе ослабне поради високите трошоци

Изградбата на нови станови во Европа нагло ќе ослаби во наредните години поради зголемените трошоци, објави германскиот институт Ифо, повикувајќи се на проекциите на мрежата на европски институти Еуроконструкт. Европа ќе добие само околу 1,5 милиони нови станбени единици до 2026 година, 13 отсто помалку отколку во 2023 година, објави Прочитај повеќе...

171 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за […] Прочитај повеќе...

Во март растат и пензиите и платите: Еве што се’ очекува на економската сцена

Оваа година ќе има ново зголемување на платите, пензиите и минималецот. Очекувањата се дека економијата ќе се развива позасилено, а се очекува да пораснат и инвестициите. Иако, се уште се присутни влијанијата на шоковите од економската и енергетската криза врз глобалните економии, во земјава навремено донесените мерки ги даваат посакуваните резултати. За оваа година сеочекува […] Прочитај повеќе...

УХМР со нови најави – Какво ќе биде времето?

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Прочитај повеќе...

Нишчанка преку весник се откажа од снаата, секој збор е полуд од претходниот

Кавгите меѓу членовите на семејството не се ништо ново во Србија, а најдрастична мерка, освен тужбата на суд, отсекогаш била откажувањето преку весниците. Ова е и закана која често се слуша од родителите кога децата не слушаат, но такво нешто ретко се остварува. Меѓутоа, една жена еднаш го направи токму тоа кога во весникот објави […] Прочитај повеќе...

Подгответе се: Еве кога почнува летното сметање на времето

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март. Летното сметање во 2024 започнува рано изутрина на 31 март во недела. И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот. Прочитај повеќе...

Индекс на страв и алчност: Биткоинот се приближува до 50.000 долари, овие 3 криптовалути забележаа најголем раст

Денеска во 15:00 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance, Биткоинот поскапе за 1,31 отсто на 48.848,19 евра во последните 24 часа. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 22,98 милијарди евра. Индексот на страв и алчност на Биткоин моментално е на 72 во категоријата... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Курсна листа за 21 февруари 2024 – Колку е доларот, а колку еврото?

Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 20.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 21.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. Според... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Приходите од Суецкиот канал се намалени за половина

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството. Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични несогласувања што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „суецкиот канал, кој... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Кина ја намали каматната стапка

Народната банка на Кина (PBoC) денеска на својата веб-страница објави дека одлучила да ја намали каматната стапка. Кина ќе ја намали каматната стапка на петгодишните заеми, која е поврзана со повеќето хипотеки, од 4,2 отсто на 3,95 отсто. Банката на Кина одлучи да ја намали оваа каматна стапка за прв... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...