Ќе падне снег низ Македонија – еве што друго најавуваат синоптичарите

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен северозападен ветер, вдолж Повардарието ќе зсилува. Дневната температура ќе се движи од 1 до 11 степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневните температури.

Во вторник и в среда по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а на повисоките места и на планините ќе има мала до умерена облачност.

В четврток и в петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежите ќе поминуваат во снег.