Ќе се шокирате: Жена со години спиела со својот питон, кога го однела на ветеринар имала што да чуе

Во средниот век постоела жена во Индија која како домашен миленик имала питон, змија која многу ја сакала.

Нејзината змија од 4 метри одеднаш едноставно престанала да јаде. После неколку недели мачни обиди во кои газдарицата на сите начини се обидела да ја нахрани змијата, а таа одбивала, ја однела на ветеринар.

Откако ја слушнал целата приказна и мака на жената, ветеринарот ја прашал: „Дали вашата змија спие со вас во ист кревет, ве обвива, или легнува многу блиску и се издолжува цела?“

Жената изненадно одговорила „Да! Да! Тоа го прави секојдневно и тоа ме прави многу тажна бидејќи гледам дека нешто бара од мене, а не можам да и помогнам.“

Ветеринарот со загрижен тон и одговорил: „Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Тој секој пат, обвивајќи ве, издолжувајќи се до вас, ја проверува големината на вашето тело. Тој не јаде, не затоа што не е гладен, само остава простор пред нападот за да може да ве голтне и да има доволно место да ве свари.“

Поуката и пораката од приказната гласи: Мораш да ги препознаеш змиите околу себе и нивната вистинска намера. Само затоа што некој е во ваша близина и често ве „прегрнува“, не значи дека неговите намери се добри.

Споделете ја оваа приказна со своите пријатели и укажете им на „змиите“ околу себе!