Ќе стигнат ли парите за субвенциониран оброк пред Нова година? Студентите скептични, МОН без јасна проценка

Славчо Темелковски од Универзитестото студентско Собрание на Универзитетот Светки Кирил и Методиј во Скопје очекува државата до пред Нова Година да им ги исплати на студентите парите за студентски оброк за период од два и пол месеци.

До неговата изјава доаѓа по еден месец од јавно изразеното незадоволство од законските измени за кратење на можноста сите студенти да земаат студентски оброк, што прерасна во протест на дел од студентите во државата, а заврши со договор низ работни групи да се решаваат проблемите.

Во моментов се обработуваат податоците во Управата за јавни приходи по што треба да имаме финална бројка колку студенти треба да земаат пари за оброк, вели Темелковски за „Локално“.

„Ние силно притискаме парите да бидат исплатени до 15 декември, а доколку не бидат исплатени дотогаш, тогаш очекуваме тоа да биде до крајот на годината кога очекуваме ретроактивно на студентите да им бидат исплатени парите за оброк за два и пол месеци – за пола септември, октомври и ноември“, посочи Темелковски.

Со досегашното решение во Законот за студентски стандард околу 40.000 македонски студенти на додипломски студии почнаа да добиваат по 2.400 денари месечно за здрава храна.

Оваа година студентите со протестот издејствуваа барем да нема кратење на правото сите да добиваат пари од државата, иако засега не добија повисок студентски оброк од 120 на 140 денари.

Договорено е до 15 март сумата да се исплаќа според старите правила, а се бара системско решение на проблемот кој има социјална природа и треба да го подобри квалитетот на животот на студентите во време на енергетска и економска криза.

Студенти велат дека се е поскапено – од кафиња до тостови во бифеата и сендвичарите кои се наоѓаат во близина на факултетите.

Студентката Весела Трајкоска вели дека скапо е да се биде студент зашто храната е поскапена.

„Живеам со моте дома. Парите за студентски оброк нема да ми сменат многу, ама за други студенти не е така. Јас можам да си понесам храна и од дома, но се обидувам да не зависам толку од моите родители, па тие 2400 денари месечна субвенција од државата иако не се многу, не се ни ништо, еве откако почнавме да одиме на факултет за јадење, сендвичи, тост или кафе да купам тоа се најголемите трошоци во моментов што ги имам. Во бифето се регулираат цените на тендер, но околу факултетот во киосците каде што може да се купи храна не е баш ефтино, на пример тост е 100 денари, а порано мал тост беше 30 денари, а 50 денари голем тост, а и дел од местата каде што се купува храна затворија зашто немаа промет во пандемијата“, вели Весела.

Но, нејзините колеги од внатрешноста студирањето во Скопје ги чини поскапо со оглед на стандардот во главниот град, а поскапен е и меѓуградскиот автобускиот превоз и тоа е дополнителен трошок за студенти кои во викендите се враќаат дома.

Прашан како му изгледа студентите да продолжат како и лани да добиваат помош од државата од 2400 денари за храна, Емилијан Котестки вели дека со таа сума не можат многу да си обзебедат, но сепак, „таман е за пазарење на храна во маркет“, иако ќе биде изненаден ако парите им бидат исплатени пред Нова година.

„Лани земав пари за студентски оброк, поднесов барање и за оваа година, а дали и кога ќе стигнат ќе видиме. ..Колку ни значат тие 120 денари? Подобро нешто отколку ништо. Сумата е ниска -за 120 денари тешко може да се купи оброк по последниве поскапувања годинава на храната, но добро е што се исплаќаат на крајот од месецот и ќе се искористат за оброк или да купите нешто во маркет за поголема сума. Треба да се зголемат, но подобро е нешто да имаме отколку ништо. Ама, не очекувам да ни ги исплатат пред Нова година. Сведоци сме дека се се случува споро во државава и ќе бидам изненаден ако се случи исплатата порано односно пред Нова Година. Иницијално е ветено дека на 15 декември, ќе се исплатат , но тоа е за некој ден… не верувам. Инаку убаво би било, би ги искористил за храна од маркет, за тоа ги користев и лани“, смета Емилијан, студент од Крушево кој престојува во студентски дом во Скопје.

Од Министерството за Образование и Наука не прецизираат кога студенти ќе ги добијат парите за ветениот студентски оброк. Во моментот се уште се разгледуваат апликациите од студентите.

„До 5 ти декември траеше конкурсот за субвенциниран оброк и сега во МОН се разгледуваат апикациите кои се околу 30 илјади на број. Откако ќе се разгледаат апликациите, треба да се донесат решенија за нивно одобрување и тогаш ќе следи ретроактивна исплата на парите за период од 15 септември до моментот на исплатата. Потребно е време за да се компарираат податоците во апликациите согласно условите од конкурсот. Потоа треба да се донесат решенија, па ќе почне исплатата“, објаснуваат од МОН за „Локално“.

Инаку студенти во ноември освен решение за студентскиот оброк побараа и изедначување на стипендиите со повисокиот износ, подобрување на условите во студентските домови, и за студентите да не важат антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.

На прашање што е сменето по еден месец, а на што треба да се работи, Темелковски од Универзитетското студентско собрание, кое е најголем застапник на студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ вели дека во моментот се одвиваат активностите во работните групи

„До крај на годината треба да имаме една драфт верзија од новиот предлог закон, кој претходно беше работен како дел од групата за младински стандард, и верувам дека текстот ќе претрпи некои промени, но тие промени нема да бидат многу големи, значи се знае кои се нашите барања- почетна цена од 140 денари за студентски оброк , и ресторани и маркети за 30 проценти помалку да ја даваат цената за храна за студенти, и изработка на картички на кои ќе бидат префрлани средствата. Генерално тоа се нашите барања по однос на оброкот, работните групи пак ќе кажам течат и како дел од Законот за младински стандард и како дел од посебна работна група“, вели Темелковски.

Во врска со Антикризните мерки за штедење енергија, Темелковски вели дека тие се одлука на влада која важи за сите државни институции но оти издејсвувани се промени таку каде што тоа е можно.

„Има мерки кои се однесуваат на заштеда при греење во студентски домови кои не зависат од студентските домови Тука не може да влијаеме, но беше донесена одлука на пример за студентски дом „Гоце Делчев“ каде имаше мерки лифтовите да не работата во вечерните часови во викендите , но сега лифтовите се целосно пуштени во функција”, истакна тој.

Во врска со реакциите за скромната храната во студентските домовите. Темлковски вели дека е донесен заклучок секоја недела од страна на студентските домови да има неделно мени и студентите да знаат со што ќе се хранат таа недела.

Во однос на студентските домови Темелковски вели дека договорено е за брзо време во комисијата за финсирање и буџет или во комисија за образование во Собрание да се свика расправа и да бидат донесени заклучоци. Нагласува дека заклучоците ќе бидата поврзани главно со состојбите во студентскиот дом Стив Наумов за кој има најмногу реакции во јавноста поради лошите услови.

Инаку до барањата решенија за подобар квалитет на животот на студентите доаѓа во време кога во новиот буџет за 2023 година за изградба и реконструкција на студентски домови предвидени се 215 илјади евра помалку од лани. За студентски стандард пак се предвидени 16,4 милиони евра што е речиси 3 милиони евра помалку од минатата година.

М.С.М.

извор/Локално.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска во официјална посета на Париз

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура. На средбата ќе стане збор за активностите во рамките... Прочитај повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија за попречување на европскиот пат

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации. Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ: Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и... Прочитај повеќе...

83 санкционирани возачи во Скопје: девет без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) Изречени се две мерки... Прочитај повеќе...

Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје... Прочитај повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија за попречување на европскиот пат

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации. Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ: Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и... Прочитај повеќе...

83 санкционирани возачи во Скопје: девет без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) Изречени се две мерки... Прочитај повеќе...

Бајден: Односите меѓу САД и Кина не се ослабени по рушењето на балонот

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден (Џо Бајден) истакна дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг не се нарушени по падот на кинескиот балон. Бајден рече дека верува оти балонот треба да се издува веднаш штом тоа е соодветно, истакнувајќи дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Пекинг што... Прочитај повеќе...

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […] The post Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […] The post Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. -Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти […] The post Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила. -Од тој аспект македонската банкарска […] The post Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата: – за пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy