Кој е Митко Бојмацалиев, новиот заменик министер за внатрешни работи, креаторот на концептот „МВР за граѓаните”?

Во светот на политиката, каде што динамиката и предизвиците се постојано присутни, има личности кои стануваат симбол на промена и напредок. Една таква личност е Митко Бојмацалиев, новото лице на Министерството за внатрешни работи, односно новиот дополнителен заменик министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, кој после успешниот мандат на министерот Спасовски, ја презема должноста да ги организира претстојните парламентарни и претседателски избори во државата.

Пред Бојмацалиев е отворено ново поглавје како дел од Владата на Република Северна Македонија, со голема лична одговорност, но и професионално исполнување.

Бојмацалиев низ својата кариера во Собранието на Република Северна Македонија, како советник на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како заменик Шеф на кабинет на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и како државен советник во МВР и Шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се истакнува не само како државен службеник, туку и како човек со семеен личен живот.

Роден во Гевгелија, израснат во Куманово, каде што поминува дел од своето образование, а почетокот на средното образование го поминува во САД.
Од младите денови покажува силна желба за подобрување на заедницата. Оженет, татко на две деца, магистер по право, неговите корени и традиционални вредности служат како основа на неговата политичка филозофија и посветеност кон граѓаните. Потекнува од семејство на полковник во Армијата, активно вклучен во безбедносните процеси на државата.

Бојмацалиев под водството на Спасовски од 2017 година до 2023 година поставија нови стандарди во областа на безбедноста, во делот на реформи на полициските служби, креирање мотивирана, опремена и задоволна полиција во служба на граѓаните, реконструкција на 80 објекти на МВР низ државата, инвестиции во ИКТ Дата центар во Прилеп, најсовремената форензичка лабораторија на Балканот, итн. Тој заедно со Спасовски се креатори на концептот „МВР за Граѓаните”, концепт кој резултираше како со зголемена ефикасност на полицијата во откривање и расветлување на кривични дела, така и со подобра услуга кон граѓаните. Неговите напори за зголемување на транспарентноста на институцијата, од заробена во отворена, рангирајќи го МВР во топ три најтранспарентни институции во државата, доведоа до зголемување на довербата на граѓаните во полицијата со над 65%.

Тој е реномиран помеѓу меѓународните партнери за својата способност да воспоставува ефективна соработка, како што се ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, ИЦИТАП програмата при Одделот за правда на САД, како и бројните пријателски амбасади во државата со кои соработува со цел значаен придонес за модернизацијата на полициските сили.

Минатата 2023 година ја имаше честа да биде претседател на Одбор за организација на 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, за што доби честитки за успешноста од страна на претседателот на ИНТЕРПОЛ Ахмед Насер Ел-Рајси.

За Бојмацалиев секогаш беше предизвик да се организира Денот на македонската полиција 7 Мај, како полицијата да биде поблиску до граѓаните, особено до најмладите, а целото одбележување да не биде истата приказна од претходната година.

Како човек кој е посветен на промоција на европски вредности и идеали, тој силно верува во демократијата, владеење на правото, и интеграција во Европската Унија, како клучни елементи за напредок на нашата државата. Без компромиси кога станува збор за владеење на правото, законите и правда за сите.
Како човек кој верува во креирање на силна демократија, пристојно општество каде сите се посреќни, поисполнети, толерантни и почитувани, Бојмацалиев ја дава својата поддршка на етничките малцинства и ранливите групи.

Бојмацалиев ја има визијата за Република Северна Македонија која е проспериритетна, европска држава, со силна економија, унапреден образовен систем, како и социјална правда и еднаквост за сите граѓани.
Неговата посветеност кон служењето на јавниот интерес и создавањето на безбедна заедница е она што го прави респектиран меѓу соработниците и граѓаните.

Бојмацалиев ја има улогата на дополнителен заменик министер за внатрешни работи во време кога државата е исправена пред клучен предизвик во преговорите со Европската Унија, а организирањето фер, слободни и демократски избори е врвен приоритет за кој тој се обврзува, се со цел чекор понатаму кон членството во ЕУ.

Тој силно верува дека Македонија нема алтернатива освен европскиот пат и силно ќе се бори како дел од СДСМ кој го предводи европскиот Фронт.

За таа цел тој се обврзува на транспарентност и праведност во изборниот процес, сметајќи дека ова е од суштинско значење за демонстрирање на демократскиот капацитет на земјата, како и кон создавањето на сигурна и стабилна атмосфера во која секој глас е слушнат.

Верува во наоѓање на заеднички јазик, како и на задржување на она што функционира и поправање на она што не функционира. Како носител на тешки одлуки, за Митко Бојмацалиев важи максимата „Промената секогаш носи нови можности”.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот и 00 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална Прочитај повеќе...

Повеќемина искасани од кучиња скитници

На 23.02.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Центар, А.Ц.(48) од с.Тромеѓа, кумановско пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник. На 23.02.2024 во 14.15 часот во Полициската станица Карпош, Б.В.(69) од с.Бардовци, пријавила дека на ул.„6“ во с.Бардовци-скопско била касната од Прочитај повеќе...

Пукање во локал во Скопје: Еден ранет

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 Прочитај повеќе...

Тешка сообраќајка во Битола, има повредени

На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(68) од Битола и патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А.(29) Прочитај повеќе...

Граѓанин искршил апарат за игри на среќа во Струмица

На 23.02.2024 година во 22.50 часот во Полициското одделение Нов Дојран Д.К.(28) од Нов Дојран, пријавила дека околу 22.10 часаот во спортска обложувалница во Стар Дојран едно лице го нарушило јавниот ред и мир со кршење на апарат за игри на среќа, со што ги вознемирил присутнитте. Се преземаат мерки Прочитај повеќе...

Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот и 00 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1. Според досегашните податоци […] Прочитај повеќе...

ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Почна исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани

Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец февруари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина […] Прочитај повеќе...

Новинарски здруженија се здружија ПРОТИВ враќањето на буџетско рекламирање во медиумите како во времето на груевизмот

Ние, професионалните новинарски организации и граѓанските здруженија од медиумскиот сектор во Македонија, категорично се спротивставуваме на обидите за враќање на државното рекламирање во медиумите пред изборите, спроведени преку скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце. Станува збор за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по […] Прочитај повеќе...

СДСМ: Просечна плата од 40.000 денари со политиките на СДСМ

СООПШТЕНИЕ НА СДСМ: Со СДСМ просечната плата достигна рекордни 40.000 денари што е и исторски највиско ниво на покачување плати во нашата држава. Просечната плата сега е 650 евра, што е за 360 евра повеќе од 2017 година. Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со усогласување на Законот за минимална плата, […] Прочитај повеќе...

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската унија е наша заедничка иднина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание. Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на […] Прочитај повеќе...

ИМА ПАРИ НА СМЕТКИТЕ: Тргна исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани

Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец февруари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Русија го изненади ММФ

Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозираше дека руската економија ќе порасне за 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци, поддржани од зголемувањето на платите. Минатиот октомври тие очекуваа... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Германците пресметале: Вреди ли воопшто да се купува недвижен имот?

Помалку од половина од германските граѓани живеат во сопствен имот. Тоа е најниската квота во Европската унија, никаде нема помалку сопственици на имот отколку во Германија. Што се однесува до преференциите на самите граѓани, тие се јасни. Судејќи според истражувањата на јавното мислење, околу три четвртини од подзакупците, односно станарите... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Турската лира падна на ново историски најниско ниво

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута денеска во 12:30 часот на берзата Forex се тргуваше за 31 лира. Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се забрза на 64,86 отсто од 64,77 отсто во декември, објави турскиот институт за статистика... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Поевтинува дизелот, еве за колку

Дизелот поевтинува за 2 денари и сега ќе чини 78,5 денари за литар. Другите цени на горивата остануваат исти и се продаваат по овие цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 83 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78.5 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 85.5 ден/л Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...